Информации

Од скопска единица сменет судијата Албанец што работеше на истрага и даде притвор во „Титаник“

објавено:


Во кривичниот суд во Скопје, во истражното одделение и во кривичните совети кои одлучуваат за притворите кои ги бара СЈО, како и за другите постапки во организиран криминал, веќе нема судии Албанци.

Преќутно, преку ноќ, од пред неколку дена е тргнат и последниот судија Албанец кој беше на претходна постапка и пратен во прекршоци, официјално „по негово барање“, а неофицијално, сменет е поради одобрување на притвор за член на Општинската изборна комисија од Чаир во предметот „Титаник“.

Пајазит Пајазити е судијата кој во претходна постапка одлучувал по предметот „Титаник“ делот кој се однесуваше за фингирање на изборните резултати во Чаир, и кој определил куќен притвор за член на Изборната комисија. Ваквото решение на судијата кој го определил притворот беше укинато од страна на кривичниот совет во судот, како што беа укинати сите решенија за притвор определени во предмети иницирани од СЈО, а судијата завршил во Градскиот парк, во ооделот за прершоци, познат како „казнена единица“ во судот.

Младиот судија Пајазити, бил роднина и со еден од директорите на скопско јавно претпријатиер, за кого неодамна бил определен притвор, но во случај кој го водело скопското обвинителство.

За да не изгледа дека е пратен под казна во прекршоци, Сведок од извори блиски до претседтелот на Судот дознава дека на судијата му било сугерирано да напише барање дека сред година, сака да суди прекршочи од лични причини (здравствени проблеми).

Сите кои го познаваат и работеле со 34 годишниот судија не веруваат во ова правно покритие и неговото сменување го врзуваат со одлуката за прифатеното барање за притвор.

Со неготовата смена, Влатко Панчевски го тргна и последниот судија Албанец од истрагата (претходната постапка во обичниот и организираниот дел). Во истрагта и како судечки судии или членови на Кривичните совети нема повеќе Албанци, бидејќи, како што брифираат судски извори, Претседтелот на судот, а со тоа и владејачката ВМРО ДПМНЕ формирале хомогени (не по етнички, туку по партиска блискост) совети на кои не смее да им се случи да помине притвор или некој судија да гласа различно од наметнатиот партиски интерес.

Во истрага беше судијата Хамдирефет Бафтијари кој затоа што не прифати да притвори сведок кој го обработуваа да биде заштитен во случајот „Ровер“, заврши прво на малолетници па на прекршоци. По 4 години делумно беше „амнестиран“ и ставен за шеф на прекршоци и втор заменик претседател, но и физички и со работата е врзан за прекршочни предмети во бараките во градскиот парк.

Од истрага на прекршочи беше префрлен и Осман Шабани.

Според веб страницата на судот, во прекршоци има 6 судии Албанци кои судат прекршоци, а во кривично има една судијка која суди малолетничка деликвенција, додека во организиран и истрага нема никој, како ни во делот за судење кривични предмети против полнолетни сторители.

Во паркот, во делот за прекрошци, како казнена екипа не завршија само судиите Албанци, туку и тие кои беа блиски до поранешната претседателка на Судот,а сега на Врховен Лидија Неделкова. Пишувавме дека Панчевски од кривично на прекршоци испрати или размести по други оддели десетина судии од кривично. Неделкова ги уважи нивните жалби и ги врати назад, но Панчевски донесе повторно такви решенија.

Со оваа одлука, како и со минатонеделните да смени двајца судии од претходна постапка на организиран криминал и на нивно место да днесе партиски проверени кадри уште еднаш се покажа дека судството грчевито се бори да ги заштити владините функционери, од чии тефтерчиња (според содржината на објавените разговори) произлегоа нивните имиња.

Но, во последниов период им се бара место на заслужните кадри кои ги носеа одлуките, па како што сега стојат работите, Претседтелот на скопска единица се обидуваат да го згрижат како заменик на јавниот обвинител Марко Зврлевски, судијката која не трпи политички туку само медиумски притисок, Дијана Груевска Илиевска да стане претседателка на судот, а судијата Јани Нича да биде унапреден во Апелација.

Меѓу бисерите во скопска единица е и тој, уште една нова судијка во организиран Сандра Крстиќ, да има две позиции „шеф“ на кривично полнолетни и судија во организсиран криминал.


објавено на од МИЛАН
Е не, ќе ги оставиме да прават шпто им текне на памет!
Кој му даде право на овој да притвара наши лавови, што не притвори некој соросоид!?!?!?