Информации

ФОТО: Делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа заглави во лифт во Обвинителство

објавено:


Делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), која во изминатите два дена во Скопје правеше проценка за предизборната атмосфера за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни заглавила во лифт на Јавното обвинителство на Македонија и останале таму најмалку 30 минути, чекајќи ја ги извадат од внатре.

Според фотографиите, до кои дојде Сведок, делегацијата имала средба во Јавното обвинителство на Македонија, а од таму требало да продолжат на средба во Државната изборна комисија.

Но, еден од двата лифтови на Обвинителството во кои се возела Делегацијата наеднаш откажал и тие останале заглавени внатре.

На почетокот им било интересно, па направиле „селфи“ надевајќи се дека ситуацијата бргу ќе се реши. Но, не идело се така мазно, па членови од делегацијата ги фатило паника, иако им било ветено дека ќе бидат извлечени, како и тоа, да не се вознемируваат бидејќи лифтот бил поврзан со систем за воздух, па не постои опасност да останат без кислород.

Tom Packalen кој ги објави фотографиите на неговиот ФБ профил напишал дека тој бил најгласен меѓу неговите колеги и рекол дека ова не е германска работа, бидејќи лифтот имал финска машина (погон).

Според фотографиите, почнал процес на извлекување, а од фотографиите се гледа како изгледала операцијата.

 Ченовите на Советот на Европа, кога дошле во ДИК кажале дека заглавиле во лифт.

-Заглавениот лифт по случката не работеше и дел од нас си одеа со вториот лифт, а дел пешки. Исто беше и утрово. Лифтот проработе попладнево кога си одевме -потврдија за Сведок вработени во зградата на Јавното обвинителство.

Иако зградата е нова и е дел од проектот Скопје 2014 постојано се јавувале проблеми, а во лифтот и на секој кат секојдневно осамнуваат различни известувања за некакви рестрикции при користење на ресурсите на зградата-откриваат вработени во Државното обвинителство.

Делегацијата, по дводневната посета на Македонија ги повика сите политички сили од Македонија да покажат одговорност кон изборите и да го спроведат договорот од Пржино.

Делегацијата ги повика сите страни целосно да го спроведат договорот од Пржино, кој како што оценува, нуди пат за да ја извлече земјата од кризата и системски решенија на долгорочен план.

ППСЕ повика да се постигне политички договор за да се обезбеди непречено изборната кампања, за да се покаже одговорност и отчетност во намалување на тензиите во општеството, во интерес на граѓаните, а за доброто на стабилноста на земјата.

Делегацијата потсети дека предвремените избори беа свикани во рамки на спроведувањето на Договорот од Пржино за кој посредуваше ЕУ со цел да се стави крај на политичката криза.

 

 


објавено на од кајмакам ефенди
Они на нас ќе ни поништуваат аболиција и демек не сме биле подготвени за кредибилни избори...е чекај да видиме чија мајка црна вуна преде !
објавено на од Panta
Ova mi lici na dogovaranjata izneseni vo "bombite" povrzani so poslednite aktivnosti i pripremi za izbori. Ako, neka vidat i osetat tie od stranci, kako im bilo na tie ziteli sto trebalo da izlezat da glasat, i po naracka im bile blokirani liftovite.
објавено на од Леонид
Замислете, лифтот се расипа баш во моментот кога овие луѓе се качија во него ?!
Ниско, долно, простачки режирано како и секое режимско сценарио во изминативе 10 години!
Им останаа само детските финти... (за нив не се детски, за ова ќе има некое унапредување сигурно) ;)
Прочитани како селски буквар, народов им ги знае потезите пред они самите да ги смислат и направат.
Очајот е толку голем а коефициентот на интелегенција толку мал!
За жалење сте, вие режимски гниди и резил на веков!
објавено на од kiikii
zaglaveni vo lift - zaglaveni vo Przino - zaglaveni vo proekt 2014 zaglaveni sekade ....povikajte PPS