Информации

Собранието премолчено му го продолжи мандатот на Ушковски во Судски совет

објавено:


Претседателот на Судскиот совет Бранко Ушковски, чиј мандат завршува во вторник, на 12 април, ќе остане на оваа позиција, најмалку уште 4 месеци, бидејќи Собранието премолчано му го продолжи мандатот, не избирајќи негов наследник.

Парламентот пред месец и половина објави оглас за избор на член на Судскиот совет од редот на „истакнати“ правници, адвокати или професори, кој се избира во Собранието, но до денот на распуштањето, иако завршија роковите за пријавување и имало кандидати, Комисијата за избори не утврди кандидат за нов член на Советот.

Комисијата заседаваше и извши избор на член на Советот на јавни обвинители и на Комисијата за слободен пристап до информации од јавен карактер, но точка за избор на член на судскиот совет не беше ставена.

Ушковски, како член избран преку Собранието на Република Македонија требаше да биде заменет со нов, бидејќи не исполнува услови за нов мандат, а до пензионирање има уште една година, која би ја покрил со апанажа.

Но, во сегашната ситуација, на Ушковски нема да му престане мнадатот како претседател на Советот бидејќи тој има право да тера мандат до три години, но требаше да му престане со тоа што му завршува мандатот како член на Судскиот совет.

Судскиот совет во последниов период требаше да избере судии во основните судови, во апелационите и во Врховниот, но поради неусогласени ставови кого да изберат седницата беа одлагани.

Немаа „кворум“ за избор на судии, но затоа одржаа две експресно закажани седници, на кои, беше суспендиран екс претседтелот на кумановскиот суд Муса Сулејмани и пензионирани и делегирани судии, како и последната седница, на ден пред распуштање на Собранието, на која беа огласени нови места за судии во врховниот и апелационите судови.

Последната одлука, да се распише избор пред распишување на изборите, а да се изберат кандидатите и за време на изборна кампања не е ништо ново, бидејќи Судскиот совет, на ваков начин, пред почнување на важење на новиот закон за кариерно напредување на судиите или пред избори до сега има избрано десетици судии.

Дополнителен мотив зошто Ушковски бил остваен на оваа позиција до завршување на изборите е и внатрешната поделба на Советот и во ВМРО ДПМНЕ, дали на Александра Зафироска треба да и се дозволи по трет пат да стане Претседтел на Советот.

Во партијата на власт имало големо незадоволство од неа, посебно од нејзините роднински релации во Апелациониот суд во Гостивар. Извори за Сведок тврдат дека на Зафировска овој пат не и се од помош ниту „банкарските“ врски од Стопанска Банка Битола и Тутунска банка каде што се вработени нејзините деца.

Планот бил, Ушковски кој беше избран за претседател во март минатата година да остане само една година на таа позиција, до 12 април 2016, за Зафироска да се врати на позицијата, но сега плановите се смениле, па Ушковски ќе остане сигурно до септември, до целосното формирање на Владата и Парламентот и мерење на силите во новата коалиција.

Зафироска во објавените бомби ја слушавме како и реферира на секретарката на премиерот во кое место ќе се распише оглас за судија, како и дека има нејзини кандидати кои ги предложила за судии, а се нотирани во „тефтерчето“ на екс министерката Гордана Јанкулоска.

За Ушковски пак, Трајко Вељаноски се изразува негативно и вели дека едвај го „поминале“ низ општинските комитети. Претходно работел како правник во Министерството за одбрана и центарот за управување со кризи. Тој е единствен претседтел на Советот досега кој не доаѓа од правосудните органи.

Медиумите објавија дека неговата ќерка, член на УМС на ВМРО ДПМНЕ, била назначена за економски промотор.


објавено на од Борјан
Александра Зафировска, Зоран Теофилоски ( заменик председател во апелациониот суд Гостивар), Наташа Стефановска ( судија во апелација Гостивар ), Весна Јакимовска ( извршител во Гостивар ) се криминалната клика која воспостави паралелен судски систем......
објавено на од Проф. Тито Беличанец
НЕ Е ТОЧНО ДЕКА СОБРАНИЕТО ПРЕМОЛЧЕНО МУ ГО ПРОДОЛЖИЛ МАНДАТОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СУДСКИОТ СОВЕТ!

УШКОВСКИ НЕ Е ВЕЌЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СУДСКИОТ СОВЕТ!

Според член 8, став 2 од Законот за Судскиот совет на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ брoj 60%202006, 150%2010, 100%2011, и 20%2015 и 61%202015) претседателот на Советот, не го избира Собранието туку Советот се самоорганизира и неговиот Претседател се избира од редот на членовите на Советот со мнозинство гласови од членовите со право на глас со тајно гласање.

СПОРЕД ТОА СУДСКИОТ СОВЕТ ТРЕБА ДА ПРИСТАПИ КОН ИЗБОР НА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ ОД БИЛО КОЈ ЧЛЕН НА СОВЕТОТ.
ВЕРУВАМ ОД РЕДОТ НА ОСУМТЕ СУДИИ ЧЛЕНОВИ НА СУДСКИОТ СОВЕТ!

ПРИЛОГ: Членовите од ЗАКОНОТ!
.........
II. СОСТАВ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ Состав на Советот

Член 6
Советот е составен од 15 члена, од кои:
- по функција членови на Советот се претседателот на Врховниот судна Република Македонија и министерот за правда;
- осум члена на Советот ги избираат судиите од своите редови. Тројца од избраните членови се припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија, при што ќе се запази соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници;
- тројца членови на Советот ги избира Собранието на Република Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија и
- двајца членови на Советот предлага претседателот на Република Македонија, а изборот го врши Собранието на Република Македонија, од кои еден е припадник на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

Мандат на членовите на Советот
Член 7
(1) Мандатот на избраните членови трае шест години со право на уште еден избор.
(2) На претседател на Врховниот суд на Република Македонија и на министер за правда со престанок на функцијата им престанува и мандатот во Советот.
(3) Мандатот на член кој е избран на дополнителни избори, поради предвремен престанок на мандатот на член на Советот на чие место е избран, трае шест години.

Претседател на Советот
Член 8
(1) Co работата на Советот раководи претседател.
(2) Претседателот на Советот се избира од редот на членовите на Советот со мнозинство гласови од членовите со право на глас со тајно гласање.
(3) Мандатот на претседателот на Советот трае три години, со право на повторен избор.(4) Советот, по предлог на претседателот на Советот, на истата седница на која се избира и претседател, избира и заменик кој го заменува во негово отсуство.