„СВЕДОК“ - портал за информации од судството
објавено:
„Сведок“ е веб портал каде што заедно со Вас ќе бидеме вистински граѓански контролор на судството,
Порталот е производ на Здружението за заштита и унапредување на човековите слободи и права „Сведок“, чија цел е владеење на правото и поттикнување на истражувачкото новинарство.
Во време кога Македонија се судира со правен предизвик, како да осигура владеење на правото преку водење на непристрасни истраги во новоформираното Специјално обвинителство, „Сведок“ ќе биде портал кој ќе сведочи за сите настани во правната област, корупцијата, криминалот.
Затоа, искрено веруваме дека ќе најдеме сојузници во сите вас и заеднички ќе трагаме по правдата..
Текстовите се пред Вас.
Читајте, коментирајте, пишувајте ни што сакате да читате.
Споделувајте материјали со нас.