Истраги

Се отвораат истраги против актуелни судии за носење пресуди по „нарачка“

објавено:


Најмалку десетина актуелни судии и неколку поранешни или кои сега се на други функции се очекува да бидат опфатени со истрагата која треба да ја отвори наскоро Специјлното јавно обвинителство, по преслушување на разговорите од кои се слуша дека голем број пресуди биле донесени по „нарачка“.

Судски извори за „Сведок“ потврдуваат дека на големо се врти темата за новата истрага која не само што се очекува да го раздрма од корен судството, туку ќе биде и силен знак за тоа како ќе се водат постапките што ќе ги иницира Специјалното јавно обвинителство.

На „жица“ биле уловени повеќе скопски судии, но не заостанувале и тие низ цела Република, почнувајќи од поголемите судови, завршувајќи до Врховниот суд.

За најмалку тројца судии на Врховниот суд се истражувале „нарачките“ добиени по телефон во неколку предмети, откриваат за „Сведок“ извори од истрагата. Во прв план станува збор за кривични предмети, од познати корупциски предмети, но во Апелационите, Управните судови и во Врховниот суд, „жешката“ линија работела и за стопански или граѓански спорови каде што се вртеле милионски суми.

Истрагите кои се очекува да бидат обелоденети наскоро за судиите, по дифолт треба да значат и повторување на тие постапки, бидејќи на снимките јасно се слушале наредбодавците кои по телефон диктирале висина на казни.

Во акцијата за расчистување со нарачаните пресуди биле фатени и членови па и први луѓе на Судскиот совет, кои од Скопје до Охрид на телефон, комотно наредувале каква пресуда да се донесе.

Во објавените „бомби“ кои сега се во рацете на специјалните обвинители, јавноста можеше да го чуе разговорот на Сашо Мијалков со судијката на Вишиот Управен суд Светлана Костова како се договара провизија за опремата набавена од Израел, ветувањата на екс претседателката на скопска Апелација Филимена Маневска дадени кон Влатко Мијалков и Драган Павловиќ Латас за решавање на предмети, изборот и местенките во Основниот суд Скопје 1, со судиите Софија Лаличиќ, Лидија Тупенческа Петреска, Виолета Арнаудовска, како и отчетот на Александра Зафироска од Судскиот совет кај секретарката на премиерот за тоа каде се распишува оглас и кој треба да стане судија.

Но, овие разговори биле само вовед во тоа што можело да се слушне дополнително на снимките. Во целосната слика се и разговорите на Јово Вангелоски екс претседтелот на Врховен кој бараше од екс министерот Миле Јанакиески да достави доказ за да го вметне во предметот бидејќи некој од судиите не сакал да гласа на докази во копија.

Снимките лоцирале и разговор во кој се тврди дека наводно судија на Врховниот суд физички се пресметал (му удрил шамар) на судија од понизок суд за донесена одлука.

Врз основа на тие снимки, на кои, како што посочува нашиот извор има и многу „гадни“ работа па доколку се докажат се очекува да се преотворат случаите „Ровер“, „Кампања“, „Ликвидација“, „Шпион“, „Монструм“ и неколку предмети со помалку обвинети, но сепак доста звучни и интересни за јавноста и за начинот на делење на правдата.

Дел од судиите биле повикани и им биле предочени доказите, што не било ни малку пријатно –посочува извор од истрагата.

Токму оваа акција за откривање на изречени пресуди по нарачка, повторно ја отвори медиумската лавина на напади кон специјалното обвинителство. Во текот на вчерашниот ден тие тврдеа дека судија кој бил викнат на разговор од специјалното обвинителство се жалел на третманот и поднел кривична пријава, но информацијата беше дементирана и од јавното обвинителство и од Судскиот совет, дека некој судија се жалел или поднел пријава.

Сепак, ваквите пишувања во целост ја потврдуваат информација за веќе почната постапка против судиите, како и фактот дека дел од нив биле веќе викнати на распит.

Доколку се бара притвор за судија одлука за симнување на неговиот имунитет носи Судскиот совет, а доколку судијата не се повика на имунитетот може да се води постапка и без вакво барање.


објавено на од Ostete od sto posto vistina
Se slozuvam so Filimena ne samo od apelacija od Skopje nego od site apelacioni sudovi koj gi ukinale ili preinacile presudite od osnovnite sudovi vrz koi dokazi i argumenti go ponizile osnovniot sud i toj kako nivna institucija valda i toj raboti po zakon a posebno apelacija vo Gostivar.
објавено на од ziva vistina eden od slucaite sum i jas kade po naracka mi presudija tokmu vakvi sudii na pravdina toa ne se sudii toa se kriminalno korumpirani poslusnici eden vid mafija sudska koja ima unisteno iljadnici makedonski dusi.
mora da se iskorenat inaku nema sansi Makedonija da profunkcionira ke si ostaneme banana drzava tragi komicna so teski kriminali sudstvoto e vo kolaps i ima dosta poprilicno korumpirani sudii koj mora da se zatvoran i da nemaat nikogas dopir so pravdata...........
објавено на од Бранко Скендерски
Па дали согласно овие писанија тоа е можно. Од овие причини се откажав од ВМРО-ДПМНЕ иако бев чле од 15.06.1990година ( не е грешен датумот таа е конституирана на 17.06.1990 година) Бев еден од главните организатори на прославата и настаните на 02.08.1990 година на ,, Прохор Пчински,, каде знаевме дека српската полиција ке тепа, но отидовме иако бевме распоредени да славиме на друго место, поради настаните кои се случија и барањата кои ги поставивме пре тогашната Влада и Прланентот( Собранието) , нашата регистрација, која се случи наскоро и враќање на полицијата од Косов. За овие настани во блага форма имам дадено изјава во МВР Куманоиво и коментар на радио Куманово. Навистина тогаш имаше демократоја. Денес владее само диктатура и сето е партизирано. Највеке ми смета опозицијата која сеуште не може да свати дека политиката е интерес, интересот се манифестира преку бизнисот, каде преку биснисот се остваруваат финансиски сретства на три начини прово на корупциски начин, второ на криминален начи и трето на чесен начин, последните кои остваруваат пари на чесен начи се измечари на претходните две групи. Овое зборови се на мојот дедо кој беше осуфен на Голи оток 18 години, а до дене нигде ги нема прочитано но поверував во нив. Денес партијата и дртжавата се едно исто, а неја ја сочиниваат инститиции со вработени уличари, без никакво искуство и знаење, а одлуките секогаш се донесуваат од осветниочки побиди. Нема уште долго тоа да трае иако владетелите добро знаат со каков народ имаат работа во спротивно тоа никогаш не бо го правеле. Што се однесува до судството тоа веднаш треба да се укоине бидејки судските пресуди се донесени во партисјките штабови на владеачките партии и од такво трошоци државата ке се ослободи, па нека и тие судиите отидат како и лекарите да работат во странство. Има уште многу но за тоа понатаму.
објавено на од filimena
da se ispitaat SITE presudi doneseni od apelacionot sud vo skopje dodeka zamenik pretsedatel bese filimena manevska KE VI POSOCAM EDNA KOKAINOT NA COCOROVSKA a za vrhoven katastrofa isto taka donesena po direktiva za cocorovska 15 godini
објавено на од Живко
Најголемо дувло на корупција е во судството, урбанизмот и катастарот. До колку излезе на виделина ке видите дека со нарачани урбанистички планови е направен вистински хаос во сите градови во Македонија а најмногу во Скопје. По нарачка за висока сума на пари се планира градба на објект а инвеститорот плака или во кеш или во станови. Затоа функционери во урбанизам имаат станови во скопски населби, најцесто во центар, а имаат станови од стотина илјади евра, кои со кредити и нивни плати никако не можат да ги платат. Сето тоа елегантно се спакува во катастарот во вид на имотен лист.
објавено на од Душко Алексовски
Најпосле, Македонија ќе добие слобода, доколку исчезне најголемото дувло на коруцијата и друг вид зла, кои пориоизлегуваат од од оваа државна интитуција, судството. Мене лично ми се судеше за тоа што јавно изјавив, дека имотот ни бил одземен откако биле сослушани починати сведоци. Во одбрана застанаа авторитетите: адвокатот Тортески и проф. д-р Ѓорѓи Марјановиќ, кои успеаја да ја поништат пресудата на судот. Дел од документацијата беше предадена на професорот Марјановиќ. Долга е приказната на судството. Граѓаните коментираат дека најлесно било да се биде судија: Само седиш и уживаш и чекаш телефонски повик за да ти се издиктира пресудата.Резултат: Не си вложил труд, а си заработил и пари и напредувањето во сгтруката.
објавено на од Ace
Sudstvo. Mali plati I toa e problem
објавено на од Tose
SRAMOTA -ZATVOR ZA SITE KORUMPIRANI SUDII !!!!!!
објавено на од skopjanec
Katica da se pozanimava so apelacioniot sud vo Gostivar.Toj e najkorumpiraniot vo cela drzavaa posle toa da gi proveri reviziite vo vrhoven kako gi razgleduva i kako gi potvrduva odlukite na apelacija od Gostivar.
објавено на од Deskoski Milco
Site vakvite polupismeni sudii sto studirale po11god i poslusnici na sekoja vlast treba da bidat kazneti i da si zaminat za na vek i da gi nema so isklucok na poedinci a ovie se ostatok od Rodila Krava Tele i tele otislo da studira Prava
објавено на од blagoja ilijoski
sekoja korupcija sekoja presuda protiv mnogu nevini ludje treba da bide preispitana i ponistena a naracatelite i sudiite kazneti
објавено на од stipjanec
Dali zastareva krivicnoto delo za Jordan Mijalkov i Gorgi Naumov koi ja izdadoa kelijata na VMRO vo Stip 1952 godina i nivnite kolegi gi osudija na zatvorski kazni a niv gi nagradija so stipendii idrugi benevicii za vreme na studiranjeto
објавено на од Sonja Bojcevska
Site sudii rabotat po naracka, so cest kon isklucocite.Samo nekoi moraat da go pravat toa a nekoi pritiskaat i na drugite kolegi , bidejki se osekaa mokni zatoa sto bea vrzani so ovaa korumpirana vlast.
Sakam samo da prasamako nekade stasa ovoj moj komentar, kako jas da ja isteram mojata pravda oti bev izigrana i od sudiite i od advokatot sto me branese i na krajot ne mi bese dozvoleno da baram pravda od Stradzburg zatoa sto advokatot mi ja skri presudata od Vrhoven. Za da mu se podlizuvame na Turcite jas morav da bidam zrtva.Ama ima Gospod, toj sekogas mavnuva se zabava ama ne zaborava. Samo zivotot na mojot soprug stana zalog za nepravdata koja mi bese nanesena so koja ne mozese da se izbori i i podlegna na srtonosnata bolest.
објавено на од blazo
da neplatis kafe ke te zatvorat a vaka kaj ima pravda
објавено на од Branko
Ako e taka, togas ova e pocetok na rasturanjeto na najgolemata institucija-vukojebina, sudstvoto vo Makedonija!
објавено на од ГЛАСОТ НА НАРОДОТ
СИТЕ КОЈ ИМАТ ПРАВЕНО ПРОНЕВЕРИ И КРИМИНАЛ ДА БИДАТ ЗАТВОРЕНИ
објавено на од verica
sekako deka ke se povika na imunitet... i sto ako sudskiot sovet bide nad pravdata i go zastiti necesniot sudija!!!.....zar nema drug nacin za razresuvanje?!
објавено на од Stevan
Sto da pravime nie obicnite smrtnici vo gragjanskite postapki,ne utepaa so fingirani presudi samo pi osnov na korupcija.
Dali nas nekoj ke ne zastiti.