Информации

Орце Камчев: Стефанова пак манипулира со судот, ако умрам нема да ме носи на совест-таа нема совест

објавено:


Јавната обвинителка Лиле Стефанова повторно го изманипулирала судот, доставувајќи му податоци дека Орце Камчев има фирми во Србија, Бугарија, Хрватска, Косово, Бугарија и во Руската федерација, во кои има инвестиции и вложувања, па ако биде пуштен од притвор може да избега, рече пред судот Орце Камчев на судењето за „Плацеви на Водно“, доставувајќи му податоци од централните регистри на посочените земји, дека фирмите кои му ги препишува Стефанова се затворени во периодот од 2013 до 2016 година или се продадени многу порано од почнување на оваа постапка.

Во одговорите на жалби, Стефанова за да ми се одмази за рекетот што го правеше со Катица Јанева и Боки 13 го манипулира судот, за што ќе и биде поднесена кривична пријава и претставка до Советот на обвинители. Стефанова има личен анимозитет и ги манипулирала судиите со фирми кои се затворени пред повеќе години, за што ви доставуваме докази од Централните регистри на тие земји, рече Камчев пред судот, објаснувајќи дека фирмата во Белград е затворена во 2013 година, другите во 2016 или продадени во 2018 година.

По 7 месеци во Шутка, Орце Камчев побара од судијата Илија Трпков да му го замени притворот со куќен, да ја спрема одбраната, да ги види двете малолетни деца со кои нема контакт 7 месеци, а посебно ј посочи неговата здравствена состојба за која има обемна медицинска документација во која е нагласена опасноста од смрт поради кардио васкуларна болест.

-Поради сето ова, не дај боже, јас можам да починам, но Стефанова нема да ме носи на совест, бидејќи таа нема совест, и ќе биде како со еден од обвинетите во Шпион, кој со карцином го држеше во притвор и човекот почина.

Камчев на судот му посочи примери од Америка, Србија и Хрватска каде што луѓе излегуваат со кауции за суми далеку помали од гаранцијата што тој ја понуди и побара судот да му определи гаранција за која ќе смета дека е доволна.

Тој ја обвини АНБ за лажната белешка, нарекувајчи ја ЕРМЕНСКАТА АНБ и потврди дека нема намера да бега.

Во 2019 одина имав времен пасош на 6 месеци кој го искористив 54 пати за патување. Последниот пат патував 4 дена пред да ми истече, за што со порака го известив лично Оливер Спасовски дека ќе се вратам. Дојдов за 2 дена од Истанбул.

Камчев ја обвини Стефанова дека 43 месеци ја води истрагата за Империја, надвор од максималниот рок од 21 месец за најтешки дела, а поминати се 22 месеци и откако предметот е префрлен од СЈО во ГОК, обвинение нема, а таа постапка ја користи пред судот за да дава негативно мислење пред судот за тој да излезе од притвор.

Судијата Трпков рече дека прв пат се соочува со вакво барање да биде дадено на почеток на главна расправа и најави дека за ова ќе одлучи на крајот на рочиштето, по што почнаа да се изведуваат доказите на ОЈО.

Одбраната реагираше дека Стефанова користи докази што ги собирала за друга постапка од 2018, на што обвинителката призна дека е така, но рече дека е ирелевантно кога и во која постапка ги собрала доказите.