Информации

Правни апсурди: го „отвораат“ Уставен зад затворени врати

објавено:


Кацарска ветува дека ќе го отворела Уставниот суд, на трибина организирана од Институтот за човекови права и платена од холандски пари, ама ветувањето е зад затворени врати, без снимање и камер! Транспарентност која „ветува“!

Претседателката на уставниот суд Добрила Кацарска, ветува дека ќе го отворела Уставниот суд за јавноста, но ветувањето го даде пред врата, оти, зад врата, во сала во која имаше дебата за транспарентноста на судот, Инстититутот за човекови права, поддржан од амбасадата на Холандија во Македонија, одлучиле да нема снимање, да нема траг од ветувањата, од дебатата, од укажувањето на новинарите, на присутната стручна и заинтересирана јавност.

Ваква „транспаретност“ немало во последниве 30 години, да не се дозволи аудио и видео снимање на трибина, дебата на одредена тема, со стручни лица, со засегнати страни, која на крајот треба да заврши со утврдување на некакви заклучоци, препораки.

Но, во услови кога снимањето не е дозволено, правдано со Ковид протоколи, а нема ниту еден протокол кој забранува снимање на јавен настан, дебатата за транспарентноста на Уставниот суд од најавата се претвори во гротескна претстава, колку да се направи реда-ради!

Имаме ли информација кој од поранешните судии како дискутирал, а како да сме сигурни што дебатирал, ако за тоа не постои аудио и видео снимка, која понатаму ќе се споменува, споделува. Вака, дури и да извести некој кој што зборува, може да биде нерелевантно, погрешно разбрано и пренесено и секој може да реагира, да тврди дека не рекол така, дека не бил разбран.

Ако, забраната за снимање на стручна расправа за транспаретноста на Уставниот суд е идеја на Амбасдата на Холандија е невиден скандал и директно задирање во правата на новинарите, во чие име и интерес и се прави наводно, за да им се олесни работата.

Ако не се дозволи снимање на јавната расправа, како да очекуваме да се снимаат седниците на Уставниот суд, за кои, Кацарска вели ќе видела каква е европската пракса, па ќе знаеме дали може камери во судница!?

Ги слушам, и не ми се верува како можат да тресат толку глупости на така мал простор, пред врата, оти, внатре - нели, снимањето не е дозволено!

Не мора да бара европска пракса Кацарска, доволно е да види како работеа претходните состави на Уставниот суд, не последниов кој под претседтелство на Елена Гошева, Никола Ивановски и Сали Мурати, падна на ниво на селска кооперација, туку составите пред него, кога камерите беа присутни за цело време на седниците и се снимаше секоја дебата на судиите.

Затоа, не се срамете со своето незнаење кое јавно го пласирате, не трошете пари за проекти од кои нема, или намерно не сакате да има ефекти. ИЧП нека не се крие зад протоколи во иднина, а Холандската амбасада која се декларира како лидер во реформите во правниот сектор, да преиспита како организира *поддржува) настани кои не само што не одат во корист на новинарите, туку напротив, одат на нивна штета.

Не се трасформирајте, не глумете транспарентност, не кажувајте дека таа ќе почне од вас. Транспаретноста ја имаше Уставниот суд, само вратете му ја! Но, не со вакви трибии зад затворени врати без снимања и не со небулозни одговори да видиме као е во светот! Видете само како било кај нас и не го ограничувајте.

Доволно ќе е. Не треба повеќе!