Информации

Власта го поклопи Уставниот суд - Добрила Кацарска се самоизбра за претседателка

објавено:


Лошата вест што доаѓа денеска од областа на судството е таа дека Добрила Кацарска е избрана за претседтелка на Уставниот суд ии од 2 јуни ќе ја води најважната институција која треба да го штити Уставниот поредок.

Судиите на овој состав на судот, од кои тројца имаат мандат до 1 јуни, беа истите кои укинаа решенија на Кацарска кога казнуваше адвокати и правеше други повреди во кривичните постапки во Основниот суд Скопје 1.

Сега, таа како класично партиско решение, наместо во пензија, ќе го води Уставниот суд 3 години како претседателка, а во наредните 9 вкупно, до нејзини 73 години и како судија на Уставниот суд.

Добрила Кацарска добила 6 гласа а тројца судии биле против.

За да биде избран за Претседтел, судија на Уставен треба да добие најмалку 6 гласа или 2/3 од вкупно 9 судии во судот.

Деловник за работа на Уставниот суд вака го регулира прашањето за избор на претседтел:

     Член 7
Уставниот суд на седница избира претседател на Уставниот суд од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите,со тајно гласање. Секој судија може да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд. Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број на судиите. Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува.
Деловникот на судот не предвидува други ситуации, но оправдано се поставува прашањето; дали со денешниот избор на Кацарска нема судир на интерес, ако таа гласала сама за себе и била 6-от глас кој и го обезбедил мандатот како претседател?
 
Ако се водиме според одредбите за судир на интереси, каде што функционер не може сам на себе да си додели тендери, права и привилегии, дали Кацарска може да се смета за избрана, ако таа со својот глас, го обезбедила неопходниот услов од 2/3?
 
Јасно е дека за Кацарска гласале 5 судии и немало да биде избрана ако таа не седнала со својот глас на тасот кој обезбедил 2/3!?
Антикорупциската комисија треба да се изјасни дали во ваков случај има судир на интерес?
Според оваа логика на Уставен секој да може да си гласа за сопствен избор, тогаш секој функционер може да носи одлуки за себе, што е целосно спротивно од регулацијата за судир на интереси.