Информации

Тепачка во СДС, која „стручна“ да го води Судскиот совет: Дамева или Црвенковска

објавено:


До вчера фаворит беше Павлина Црвенковска за нова претседателка на Судскиот совет, но внатре партиската борба во СДС е голема и по се изгледа, скопското крило кое е мнозинство во правниот комитет на СДС, ќе ја протурка Весна Дамева за нова претседателка на Судскиот совет, на изборот во текот на месец април - тврдат за СВЕДОК, иззвори од СДС, кои се во тек со планираното освојување на Судскиот совет од страна на владејачката партија.

ваквиот развој на настаните се интензивирал деновиве, на 50-тина дена пред изборот за нов претседател на Судски, кој треба да се случи помеѓу 25 и 28 април.

Борбата за кој е подобар партиски кадар се сведе на двете „стручни“ соработнички, едната од основен, а другата од Апелациониот суд, што ќе биде најскандалозниот избор во историјата на Судскиот совет, претседател на највисокото судско тело да биде судски службеник од низок ранг, а кој по функција треба да ја контролира работата на сите судии, од основни до врховни.

Павлина Црвенковска како стручна од Апелација влезе преку парламентот како предлог на СДС, а Весна Дамева како стручна во основен суд, како „истакнат правник“ беше предлог на претседателот Стево Пендаровски.

Деновиве Дамева, која била сигурна дека ќе биде нова претседтелка, веќе пикирала и кадри кои треба да и бидат соработници.

Во партијата, според истите извори, Дамева излобирала за поголема поддршка во правниот комитет на партијата, каде што била поактивна, за разлика од црвенковска, која има стаж во Владата на Бучковски, но не трчала по партиските ходници како Дамева.

Плус, Дамева, заедно со Добрила Кацарска ја пишувала пресудата за осудените за „27 април“ па фаќала поени и на овој случај.

Заедничко за двете е што никогаш не биле судии, и се најслабата алка во составот на Судскиот совет, од неговото постоење од 1995 наваму, а кои по сила на Закон донесен пред повеќе од две години, ќе станат претседтелки, бидејќи им се забранува на судиите членови да конкурираат за претседтел и заменик, а тие позиции се резервирани само за политичките кадри избрани во Парламентот, што е скандалозно политичко поклопување какво што нема во регионот.

На пример, во Србија, претседателот на Врховниот суд е претседател на Судскиот совет, а заменик е исто судија. Во Хрватска и претседателот и заменикот се судии на Врховниот суд, а во Босна и Херцеговина, Судско-обвинителскиот совет, го водат судија и јавен обвинител.

ДУИ овој пат ќе добие заменик и тоа во ликот на Селим Адеми. Досегашниот Миљазим Мустафа отпаѓа од игра, а двајца избрани од редот на судиите не може да конкурираат.

Сегашниот претседтел Киро Здравев, според ова законско решение е последниот судија што е на чело на Судски. Избран е на 25 април пред 2 години, а функцијата ја презеде на 28 април кога и треба да ја напушти.

Претседателот на Судскиот совет е претседтел и на Судско-буџетскиот совет кој одлучува за распределба на парите во судството.Со ова решение донесено кога министерка за правда беше Рената Тренеска Дескоска се унаадува судската независност, а владејачката СДС која го поклопи суудството, не покажува ни минимум подготвеност за промена и враќање на старото решение. Законот, според најавите, ќе биде осорен пред Уставниот суд.

Изборот на новата претседателка на Судскиот совет, една од партиските кадри на СДС, доаѓа во очи на Велигден, па која и да биде, првиот работен ден ќе го почне на Велики четврток, денот кога се вапсаат велигденските јајца.