Информации

Во Бугарија фатен Игор Спасов, оосуден за убиството на Мартин Нешковски

објавено:


Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски кој избега од земјава откако имаше добиено прекин на судењето, попладнево (1 февруари) бил уапсен во Софија, Бугарија. Поранешниот специјалец Спасов е лоциран и приведен попладнето и ќе биде во екстрадициски притвор.

Министерството за правда ќе треба да почне постапка за негова ектрадиција во земјата, а на бугарските правосудни органи ќе треба да им бидат испратени сите докази и пресудата за убиството на Мартин Нешковски, за кое Спасов доби казна од 14 години затвор.

Спасов избега пред речиси две години, откако со документација што му ја издавал лекар од штипската болница, негов роднина, успеал да добие прекин во издржувањето на казната пред штипскиот суд, од каде претходно од идризово беше префрлен во затворот во Штип.

Судијата за санкции Ѓоше Амдонов кој беше надлежен за извршување на санкциите сега е претседтел на Основниот суд во Штип, а истрагата не е мрдната од место за бегството, лажната медицинска документација и кој му помогнал.

Спасов додека беше во затворот Идризово се сретна со премиерот Зоран Заев, а по низата реакции на социјалните мрежи, владините служби ја избршаа фотографијата.