Скандал пресуда на судијата Ѓоко Ристов: Само ОПОМЕНА за Дудуш, градоначалник тепач од Шутка
објавено:

Скандалозна пресуда со милион прашања, каква порака праќа судот кон тепачите, се реаккциите откако судијата Ѓоко Ристов му изрече само судска опомена на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш, кој тепал чове на Ромскиот бал пред 2 години, за подоцна да го повтори тепањето и кон друг човек кого прво го заклучил во неговиот кабинет и физички го нападнал.
За инцидентот со телесни повреди градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш, кадар на СДС е „казнет“ само со СУДСКА опомена.
Ја признавам вината, жал ми е што ова се случи. Ние сме живи луѓе, и јас се извинувам, рекол Дудуш Во судница.
Судијата Ѓоко Ристов постапувал по предметот на Исмаил, кој го обвини Курто Дудуш за физички напад за време на одржување на ромскиот бал. Повредениот Исмаил смета дека причина за нападот е тоа што неговата организација донира храна и облека за жителите на општината, но тоа не му се допаднало на Дудуш и се обидувал да го спречи.
Ова не е прво тепање што го извршил Дудуш, кадар на СДС. Покрај овој, за кој денеска доби опомена, за Дудуш се дозна дека заклучил и тепал човек и во неговиот кабинет, откако до порталот „Економски Лидер“ била доставена аудио снимка на која се слуша како Курто Дудуш, градоначалникот на скопската општина Шуто Оризари од редовите на СДС го лишува од слобода Исмаил, па го тепа и измачува човек во неговиот кабинет.
-Ајде седни, чекај да ја заклучам вратата за да не ми избегаш. Имам со тебе да завршам некоја работа. – се слуша на снимката.
Во аудиото, за кое треба да има нова судска постапка, се слуша како градоначалникот Курто Дудуш го прашува киднапираниот зошто го пцуел „на сред центар“ и почнува физички да го измачува. Во снимката во неколку наврати се слушаат силни удари и тепање на извесниот Сенат, кој е заклучен во канцеларијата на Дудуш.
Градоначалникот Курто Дудуш, кој беше и поранешен пратеник од редовите на СДС на изборите во 2016, на снимката додека го тепа Сенат, се слуша и како користи навредливи зборови како „чергар“, „п*дер“, „племето да ти го е*ам“, „мртвите да ти ги е*ам“…
Се слуша и како Дудуш, додека тепа, вели дека тој е градоначалник и тепаниот не му може ништо затоа што гласот не му се слуша во Шутка.
Да биде иронијата поголема, се води постапка и против новинарот кој ја објави оваа снимка.
Со денешната амнестија на функционерот на СДС, судијата Ѓоко Ристов испрати ужасно лоша порака кон сите насилници, измачувачи и локални шерифи кои ја земаат во раце правдата, затскривајќи се зад партијата која ги наместила на тие функции.
За закана на ФБ кон градоначалникот на Кавадарци едно лице пред десетина дена заврши во притвор, МВР и ОЈО работат кон санкционирање на заканите упатени кон новинарите, но во целиот овој период, таа борба ја сруши Ѓоко Ристов со тоа што му прости на овој силеџија, партиски функционер, член на владејачката СДС, кој тепал кај што ќе стигне.!
Дали ваквата блага реакција и неказнување кон Курто Дудуш значи и благодарност на судијата Ѓоко Ристов за тоа што Владата на СДС, ја именуваше неговата втора сопруга Симона Зориќ Ристова за државен правобранител?