Стразбур: Со пресудата за Мијалков, на Макрадули му било повредено правото на слобода на изразување
објавено:

Судот за човекови права во Стразбур едногласно одлучи: има повреда на членот 10 од Конвенцијата во случајот Макрадули против Македонија, ги прогласува жалбите за допуштени, ги спојува двете апликации во една и му досудува ннадомест од 1.500 евра за нематеријална штета, 1.020 евра за адвокатски трошоци, а го одбива барањето за штетата што била платена по пресудите на македонските судови.
Ова е одлуката што ја објави Европскиот суд за човекови права утрово, во случајот на Јани Макрадули против Република Македонија.
Макрадули, преку адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска поднел две апликации во Стразбур, откако завршиле постапките пред македонските судови каде што тој бил осуден за клевета по тужби на Сашо Мијалков за изјави дадени на прес конференција на СДСМ. По разгледување, Судот ги споил двете апликации во една и донесе пресуда.
Во времето на случајот, Јани Макрдаули бил потпретседател на опозициската партија СДСМ и член на парламентот, а бил тужен од Сашо Мијалков, висок член на тогашната владејачка политичка партија ВМРО ДПМНЕ, и директор Управтаа за безбедност и контраразузнавање.
На 14 декември 2007 година Јани Макрадули одржал прес-конференција која рекол:
"За година и половина колку што е формално шеф на УБК и практично шеф на полицијата, Мијалков ги злоупотребил своите овластувања за да влијае на Македонската берза и навреме да има информации кои му овозможиле да оставри профит. Дали има вистина во гласините кои станаа се посилни, дека полицијата прислушува и тоа се злоупотребува за тргување на берзата?
На 1 февруари 2008 Сашо Мијалков поднел приватна кривична пријава за клевета.
Во вториот случај, на 9 септември 2007 година, Јани Макрадули одржа лпрес-конференција во седиштето на СДСМ во врска со јавната продажба на градежно земјиште во државна сопственост во централното подрачје на Скопје, каде што била планирана изградба на хотел. Тоа е локацијата зад Рамстор.
-Атрактивната локација зад трговскиот центар" Рамстор "планирана за изградба на хотел беше доделена на компанија зад која стои Орка Холдинг ... По откривањето на овој мегаскандал, најголемата дилема е дали наградата за најкорумпираниот политичар треба да му се даде на премиерот или неговите братучеди? На оние кои го направија или на оние кои го извршија договорот- биле дел од обвинувањата изнесени од Макрадули на пресот во СДСМ.
На 19 септември 2007 година Сашо Мијалков поднел приватна кривична тужба за клевета.
На 23 февруари 2011 година, судијката Дијана Груевска Илиевска го осудила Макрадули за клевета. Со парична казна од 1.000 евра или казна затвор од сто дена, судски паушал од 30 евра и уште 375 евра за судските трошоци на Мијалков.
Потпирајќи се на сведочењето на Мијалков, судот сметал дека наводите на Макрадули се однесувале на Сашо Мијалков, без оглед на фактот дека тој не бил идентификуван по име. Тоа било затоа што макрадули и претходно давал клеветнички изјави за Мијалков и честопати го нарекувал „братучедот на премиерот". Сашо Мијалков признал дека имал контакт со менаџерите на Орка Холдинг, но рекол дека тоа биле пријателски контакти. Тој немал никава деловна соработка со нив, и не бил вклучен на каков било начин во изградбата на хотелот.
Македонскиот суд заклучил дека изјавата на Макрадули може да има значително влијание врз угледот и достоинството на подносителот, Мијалков, бидејќи тој е носител на јавна функција а изјавите се објавуваат брзо и агресивно во јавноста.
Адвокатката на Макрадули тврдела дека домашните судови пропуштиле да направат правична рамнотежа помеѓу правото на слобода на изразување и заштитата на угледот на другите. Тие погрешно ги разгледале наводите што ги направил како портпарол на неговата политичка партија СДСМ.
Во секој случај, домашните судови не биле обврзани со предлозите на страните и имале право да ги утврдат сите факти и да ги достават релевантните докази по нивно барање. Сепак, тие ги засновале своите наоди за клеветата само на изјавата на Сашо Мијалков. Ако опозицијата би можела да одржи прес-конференции само кога би имала несоборливи докази за неправилности од страна на државните службеници, ќе биде лишена од клучната улога на информирање и алармирање на јавноста за обвинувањата за неправилно однесување од страна на службените лица.
Во жалбаите се тврдело немало никакви негативни последици за Мијалков кој останал на функцијата до мај 2015 година, кога тој поднесе оставка.
Владата побарала од Судот во Стразбур да не ги зема предвид доказите поднесени од Макрадули.
Владата се согласила дека пресудата на жалителот претставувала мешање во неговото право на слобода на изразување, но сепак тврдела дека тоа било "во согласност со законот" (член 172 од Кривичниот законик) и имало легитимна цел, имено заштитата на репутацијата на Сашо Мијалков, на принципот на презумпција на невиност и правото на јавноста да добие вистинити информации.
Во поглед на материјална штета, жалителот барал надомест на износот што бил наплатен во постапката за надомест. Тој, исто така, побарал 10.000 евра (ЕУР) за нематеријална штета за емоционална болка и стрес што го претрпел како резултат на неговото осудување во двата сета на постапки.
Владата ги оспорила овие барања како прекумерни и неосновани. Тие, исто така, тврделе дека немало причинско-последична врска помеѓу наводната повреда и бараната материјална штета. Понатаму, немало докази дека жалителот го платил износот утврден во постапката за надомест. Според нив, утврдувањето на прекршокот било доволен надоместок за било каква штета што ја претрпел жалителот.
Судот (Стразбур) повторува дека секоја досуденост на надомест мора да биде поврзана со откриената повреда. Со оглед на фактот дека постапките за надомест не биле во опсегот на случајот, не наоѓа основа за да се додели надомест на претрпената материјална штета. Затоа го отфрла ова тврдење.
Од друга страна, утврди дека доделувањето надомест во врска со нематеријалната штета е оправдано. Со својата проценка на правична основа, како што се бара според членот 41, Судот му доделува на апликантот 1,500 евра по овој основ, плус било кој данок што може да се наплати, се вели во одлуката на стразбур, кој за повредата на член 10, набројува десетина случаи од повеќе земји во кои одлучил за повреда по истиот основ..