Тековни судења

Обвинета Марика Зафировска од „ТНТ“ нападната и претепана на 1 мај, судењето одложено

објавено:


Марика Зафировска, обвинета во случајот „ТНТ“ за рушење на комлексот Космос на Фијат Цаноски, била нападната и претепана на 1 мај и поради болничко лекување не дојде на денешното судење.

Нејзиниот адвокат Дончо Наков го извести судот дека Зафировска и нејзиниот сопруг биле нападнати и претепани на 1 мај во викендичка во Катланово, од нивно блиско лице, по што, со возило на Брза помош биле пренесени во болница.

И биле констатирани повреди на нозете, главата и рбетот, поради што не можела да се движи и ќе била на боледување до 15 мај. Полициската станица Петровец  била надлежна за случајот. Побара судот да закаже судење по тој датум.

Судот го одреди 11 јуни за нов датум за судење.

Денеска не се појави и адвокатот Боро Тасевски, бранител на Тони Трајковски, екс градоначалник на Гази Баба. Судијата Огнен Ставрев реагираше на неговото отсуство, бидејќи отишол во Струга да го подготвува собранието на Адвокатската комора.

Судијата Ставрев рече дека планирал да го казни Тасевски и да ги сноси сите трошоци доколку не беше отсутна обвинетата Зафировска. Побара од Трајковски да не дозволи отсуство на адвоктатот во иднина.

Врховниот суд во меѓувреме го одби барањето на адвокатот Еленко Миланов за изземање на судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани.

Во судница беа присутни обвинетите Миле Јанакиески, Никола Груевски, Тони Трајковски..