Поранешниот министер за внатрешни работи и началник во УБК Силјан Аврамоски бил именуван од страна на Владата да ја раководи работната група која треба да ги спроведе реформите над безбедниосните служби.
-Владата донесе одлука за формирање работна група за изготвување и следење на имплементацијата на планот за реализација на препораките на група високи експерти за системски прашања од владеењето на правото во врска со следењето на комуникациите од 2015 година. За претседател на оваа работна група е именуван Силјан Аврамовски како претставник од Министерство за внатрешни работи, а групата е составена од 29 члена вклучувајќи претставици на министерствата, на Собранието на РМ, на правосудството, на народниот правобранител, како и членови од академско-научната дејност- се наведува во владиното соопштение.
Силјан Аврамоски кој за цело време беше на високи позиции во УБК, вклучувајќи и заменик директор, беше официјален офицер на ЦИА за што беше и јавно одликуван.
Тој е еден од поранешните министри за полиција, кој и покрај тоа што беше лустриран во 2013 година остана и натаму на позицијата и не беше разрешен од претходната гарнитура на ВМРО ДПМНЕ.
Според лустраторите, Аврамоски одговараше за формирање на досието „Темел“, каде што давал или одобрувал дејствувања со кои се кршени основните човеови права и слободи на граѓаните од идеолошко-политички причини.
Станува збор за следење на организаторите на студентските протести и членови на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ во 1997 години, кога Аврамовски бил началник на првата управа во УБК.
За реформирање на безбедносните служби се разговарало и на средбата што ја имал премиерот Зоран Заев со амбасадорите на САД, Велика Британија, Холандија, Швајцарија..на која била понудена помош и вклучување на меѓународно тело за контрола над службите.
Амбасадорите понудиле и финансиска помош за реформа на тајните служби, но од владиното соопштение може да се заклучи дека таквата помош е одбиена, бидејќи премиерот рекол дека Македонија има средства за реформа на овој сегмент.