Став

Наќе мора да се врати во Судски совет - само така би се задоволила правдата, космичка!

26.07.2023 10:52:00 Веќе нема пречка Наќе Георгиев пак да се кандидира и да го изберат за член на Судски совет! Кире (синот) веќе е судија, Наќе (беше ѕведа- жртва еден ден) може пак да конкурира и треба да биде избран, зашто нив едноставно им е судено да се на функции!

Дозволете му на Наќе сам да се избере и да го исцрпиме оранжериското производство на струмички судии

11.07.2023 15:49:00 Наќе Георгиев од Врховниот ја има ексклузивната можност сам да се избере на функција во Судски совет! Да му ја дозволиме таа ексклузива и да го заокружиме оранжериското производство на судии од Струмица, толку неопходни за македонсково судство!

Драги обвинители, изберете го Незири за шеф на ОЈО ГОКК и сите заедно да се исселиме од Македонија

03.11.2022 10:35:00 На Македонија не и треба обвинител како Ермонд Незири, за шеф на ОЈО ГОКК, само затоа што бил другар со шефот на скопското Бубевски, туку обвинител од кого сите ќе се тресат, кој ќе биде страв и трепет за сите, а не уште едно другарче во јатото!

Новата „Вилма Русковска“ не смее да се вика ниту Трајче Пеливанов ниту Лиле Стефанова

24.09.2022 17:46:00 Јавните обвинители на крајот на октомври не смеат да ја прокоцкаат шансата да изберат обвинител што ќе гони организиран криминал, ама вистински и кој нема да биде марионетка на власта. Но, „новата Вилма“ не треба да биде ни Пеливанов ниту Стефанова.

На кого му требаат марионетки во Уставен суд наместо чувари на Уставот?

13.09.2022 11:33:00 Уставно судската пракса има сила на закон. Одлуките и мислењата на овој состав на судот треба да се водилка и за следниот состав. Но, ќе имаме ли силна пракса ако власта наместо чувари на Уставот избира марионетки?! Судот не е театар освен кај нас!

НЕ БОЈАНЕ, НЕ БИДУВА ВЕТИНГ КАКОВ ШТО НАЈАВУВАШ, НИ ТРЕБА ЗАКОН ЗА РЕВИЗИЈА НА ИЗБОРОТ НА СУДИИТЕ!

16.09.2020 01:15:00 На Владата и министерот за правда им требале 100 дена за смислување на модел за ветинг на судиите и обвинителите! Не, не треба ветинг, туку закон за ревизија на изборот на судиите од 2000 година наваму.

Драги судии, слободно правете криминал! Судски е тука да ве заштити

02.01.2020 21:48:00 Судскиот совет за оваа 2020 година до судиите испрати јасна порака, наместо честитка: Слободно правете криминал, ние сме тука да ве заштитиме!

Судството комплетно се отвори за американските долари, ама може да го фати промаја

05.11.2019 11:57:00 Здружението на судии две години троши илјадници американски долари за седенки, во наводен Судско медиумски совет за отворено судство, а ефектите повеќе од видливи, новите претседатели храбро се заколнаа и избеаа од новинарите!

прикажани (од 1 до 8) од вкупно: 34 | следна