Информации

Власта планира упад во судството со 60 партиски судии и обвинители

објавено:


Академијата за судии и јавни обвинители до крајот на неделава се очекува да распиша „интервентен“ оглас на кој ќе дозволи 60 кандидати од судовите и обвинителствата со 8 месечна теоретска обука да станат идни судии и јавни обвинители и на тој начин да ја пополнат дупката која се појави со немање на кадри за судството.

Ова е класичен партиски упад во судството бидејќи овие планирани 60 судии и обвинители ќе бидат исклучиво од редовите на стручните соработници од судовите и обвинителствата кои имаат 6 години стаж како соработници. Сите тие се вработени во периодот на владеење на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, па околу 40 од нив треба да се македонци, а најмалку 15 албанци.

СВЕДОК од судски извори дознава дека по измените на законот кои беа донесени преку ноќ и во кои се предвиде да се едуцираат судии со само 8 месеци теоретска но не и практична обука, ќе се сместат сите кандидати кои поинаку немаат ни теоретска шанса да станат судии поради високите критериуми во Законот за академија на судии и јавни обвинители.

Овие накалемени измени ќе важат само за оваа група на идни судии, една година, а понатаму пак  ќе бидат во сила силните критериуми кои бараат познавање на јазици, висок процент на успех и слично.

Во оваа група која планираат да ја запишат сега, а веќе напролет и да ги изберат за судии и обвинители, противуставно е ограничено правото да конкурира и било кој друг кандидат кој исполнува услов, бидејќи исклучиво мора да бидат стручни кадри од суд и обвинителство. Доколку работеле кај нотар, извршител, во други органи на управата или адвокати, немаат право да конкурираат.

Академија ќе стане вечерно училиште!? Директорката Анета Арнаудовска

И додека власта се обидува да вдоми 60 судии и обвинители, последните кандидати за судии и јавни обвинители кои слушаа обука според строгите критериуми се уште не добиле уверенија бидејќи во тек била жалбена управна постапка која не завршува со месеци.

Иако во законот е дефинирано дека Управниот и Вишиот управен суд треба да одлучат итно по тужбите на одбиените кандидати за судии на одлуките на Управниот одбор на Академијата, управниот суд не ги зел во работа овие предмети како итни и целиот процес е закочен.

Последниве години поради високите критериуми за упис на академијата немаше интерес па пропаднаа неколку конкурси или во групите имаше по десетина кандидати, со што, за судии и обвинители има недостаток од кадри.

Сепк, ваквото решение кое сега се турка во целост го дерогира законот и заложбите за судии да се изберат кадри кои ќе поминат и теоретска и практична обука која трае година и половина, а не само 8 месеци како што е ова ад-хок решение со важност од една година.


објавено на од Ljupco.laskovski
Bravo za svedok
објавено на од Simon
Treba da se ukine akademijata. Da se vratat na sila zakonot za parnicna postapka od 2005 god. Da se ukine zakonot za vestacenje i izmenite na zakonot za notarijat i za izvrsuvanje. So eden zbor da ja vratime sostojbata kako vo 2005 god. Na notarite da im se dade status na pisari- overuvaci i nisto poveke i toa so moznost i advokatskite kancelarii da moze da davaat notarski uslugi- zaverki kako sto e na zapad.
објавено на од Ljupco Laskovski
Odlicno
објавено на од Nadica
Sudii advokati i pravnici kade ste
koga ednas ke se osvestime deka treba da go branime nasiot integritet i profesionalnost i da stavime kaj na povredata na ustavot i zakonite