Информации

Иванов до в четврток напладне ќе соопшти дека ја повлекува одлуката за аболиција

објавено:


Претседателот Ѓорѓе Иванов, вечерва добил сериозна порака од амбасадорите во земјава, до в четврток на пладне да објави дека ја повлекува во целост одлуката за аболиција (помилување), и со тоа да стави крај на протестите кои траат повеќе од една недела, испровоцирани од неговата одлука.

Ваквата порака, тврди дипломатски извор за Сведок, јасно и конкретно му била кажана на средбата со него, на која присуствуваат ЕУ амбасадори, предводени од Аиво Ораф, шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје и американскиот амбасадор Џес Бејли.

Притисокот врз Иванов мора да влоди со плод пред протестите кои се закажани за в четврток и од „Протестирам“ и контра протестот на ГДОМ.

Безбедносните проценки биле дека в четврток можни се сериозни инциденти и единствен спас за намалување на тензиите е Иванов повторно, како што објави дека сам ја донел одлуката, сам и да ја повлече.

Му било сугерирано да не губи многу време на изнаоѓање на правни решенија, туку, едноставно да констатира дека се ставаат вон сила одлуките за аболиција на 56 лица, објавени во Службен весник од 12 април оваа година.

Странските правни експерти нашле толку правни празнини во одлуките на Иванов, па и таа најголемата, дека аболицираните не може да се жалат пред редовен суд на повлечените помилувања, бидејќи во решенијата нема нивни лични податоци, кривичното дело за кое се ослободуваат од кривично гонење без спроведување постапка, како и најважното, нема правен акт (решение за истрага, обвинение) на кое би можеле да се повикаат, бидејќи такви, во оваа фаза, во пред истрага за најголем дел од нив не постојат.

Со ваквата мисија на дипломатите и покрај заканите на Иванов да внимаваат какви притисоци прават да не ги пречекорат овластувањата од Виенската конвенција (за што според Иванов може и да бидат протерани) целта ќе биде постигната, а сите постапки против аболицираните ќе продолжат.

Со еден потег на Иванов, по службена должност ќе се поништат и решенијата со кои се запрени дел од постапките.

Пред средбата со Иванов, ЕУ амбасадорот Орав на Твитер објави: -ЕУ амбасадорите на средба со претседателот Иванов: Помилувањето ги поткопува отчетноста и владеењето на правото. Каква ќе биде иднина за земјата и за нејзините евроатлански интеграции?“, твитна Орав пред одењето кај Иванов.

Во вака планирана порастеретена атмосфера ќе се знае и конечниот список на патници за состанокот во петок во Виена, каде што ќе се бара итно решение за продолжување на договорените обврски од договорот во Пржино.

Петок е пред датумот кога треба да биде заклучен избирачкиот список според роковникот, па реални се шансите изборите да се одложат, а оваа влада или друга во проширен состав, како Влада на национален спас да биде формирана и да функционира до новиот датум, кој не е исклучено да се поклопи со локалните избори во март 2017 година.

Детали од средбата на амбасдорите може да се очекуваат подоцна вечерва или утре.  


објавено на од stefan gorgievski
Sekako e za pozdrav za Ambasdorite koj ke donesat mir vo nasata Republika Makedonija i sto e najvazno DEMOKRATSKI SE VRATAT site politicari i konecno sednat na masa za dobroto na nasava drzava Republika Makedonija. Potoa koj ke se fati deka kradel neka bide doveden pred zakonot na pravdata i neka mu presudat tie sto se i nadlezni .DOBRA VEST I SEKAKO E ZA POZDRAV
објавено на од stefan gorgievski
Sekako e za pozdrav za Ambasdorite koj ke donesat mir vo nasata Republika Makedonija i sto e najvazno DEMOKRATSKI SE VRATAT site politicari i konecno sednat na masa za dobroto na nasava drzava Republika Makedonija. Potoa koj ke se fati deka kradel neka bide doveden pred zakonot na pravdata i neka mu presudat tie sto se i nadlezni .DOBRA VEST I SEKAKO E ZA POZDRAV
објавено на од Дордо од Кнежево
Е Тодоре, Тодоре лесно тие тебе! Главата ти служи само за пострижување! За ништо друго!
објавено на од toto
Kakva Amerika pre crni Todore! Zajko si sedi tuka a Glujo i kompani se znae na odmor vo Idriz-beg!!!!!!!
објавено на од todormkd
Zaev e spremen za Amerika . Zaev ne e spremen da ja vodi drzavata on e pusten da ja unisti mk i izbega za Amerika!!!!!!
објавено на од миленко
Каква грешка ама како и да е добар послушник на Паторот но наиде тврд Орав