Правни анализи

Венецијанска комисија: да се дозволи објавување материјали од бомбите кои ја засегаат јавноста

објавено:


Венецијанската комисија го објави своето мислење по двата закони, за приватност и за свиркачи кои почнуваат да се применуваат сега или за краток период, во кое,во 100 точки ја елаборира содржината и дава серија заклучоци.

Во мислењето на 23 страници, Комисијата дава преглед на решенија и ја елаборира содржината на законите, вклучувајќи и серија препораки, како таа за објавување на материјали кои ја интересираат јавноста или јавноста е засегната од нив, како и за доуредувањето на материјата за заштита на свиркачите (од судско гонење, бркање од работа).

Сведок, во овој текст накратко ви ги пренесува заклучоците содржани во мислењето на Венецијанската комисија, дадено во точките 95-100 на Комисијата.

 

Венецијанската комисија разбира дека усвојувањето на двата закони кои беа предмет на анализа се резултат на голем политички договор, со кој се бараше да се постигне нормализирање на политичкиот живот во земјата, во одредени околности. Венецијанската комисија им упатува пофалби на властите и политичките партии за нивната подготвеност да работат заедно за да се подготви теренот за стабилен развој на македонската демократија, вклучително и за собирање и откривање на чувствителни информации. Тоа се гледа преку донесените закони во ноември 2015 кои ќе се применуваат од периодов што доаѓа, и затоа тие решенија треба да бидат јасни, кохерентни и во согласност со европските стандарди.

- Што се однесува до Законот за заштита на приватноста, Венецијанската комисија препорачува сериозна, длабинска ревизија.  Овој закон има легитимна цел, но не се постигнува  соодветна рамнотежа меѓу личниот интерес и интересот на јавноста да биде информирана. Спротивно на тоа, Законот за информаторите е многу повеќе елабориран и јасен и претставува позитивен развој на националната правна рамка. Во ревидирање (измената) на овие два закони, Венецијанската комисија ги повикува македонските власти да ги земат во вид следниве главни препораки:

- материјалниот опфат на Законот за заштита на приватноста треба да биде редефиниран  и од него да се отстранат сите недоследности, првенствено за материјалите што се опфатени, (елаборацијата ја дава во целост во мислењето што да се смени)

- Законот за заштита на приватноста треба да дозволи објавување материјали кои ја тангираат јавноста и отвораат прашања од јавен интерес, со некои тесно дефинирани исклучоци, кои се однесуваат на јавните објавување на информации за интимните аспекти на приватниот и семејниот живот;

- обврската, со Законот за заштита на приватноста, да го предаде материјалот на ново основаниот специјален обвинител треба да се напише појасно и да се разработи постапката за таа обврска,

-не треба да се исклучи објавувањето на такви материјали кои допираат прашања од јавен интерес, а ефективноста на специјалниот обвинител треба да биде обезбедена од страна на државата преку соодветен мандат, надлежности, финансиски средства и број на вработени;

- Член 6 стр. 1 од Законот за информаторите треба да се ревидира: јавно објавување треба да биде можно кога внатрешните механизми  се непостоечки, а надворешни откривање е јасно

-не е ефикасен делот таму каде што е видлив ризикот од прикривање на кривични дела, или да избегаат од одговорност виновниците. Овој член треба да се базираат на општата дефиниција на "јавен интерес" содржана во член 2 стр. 4;

- Законот за информаторите мора да определи до кој степен и во кои околности "Јавен интерес"  може да се подведе под откривањето и да му даде заштита на информаторот, и не  само него, од евентуални дисциплински санкции (и слични мерки кои се однесуваат на работното место),  но исто така и против било која кривична санкција или граѓанска одговорност, и што се е можно да биде како исклучок од ова правило.

-Венецијанската комисија и стои на располагање на македонските власти во однос на било каква идна ревизија на двата закони кои биле анализирани во ова мислење- пишува во точката 100 од мислењето на Комисијата.

Целото мислење на Комисијата може да го прочитате на следниот линк: http://www.venice.coe.int/webforms/documents/?pdf=CDL-AD(2016)008-e

.