Вести

Специјалните обвинители ја „чешлаат“ скопска двојка

објавено:


Специјалното јавно обвинителство се очекува да отвори постапки и против судии од Основниот суд Скопје 2, Скопје. „Сведок“ дознава дека специјалните обвинители побарале предмети од судот, што било аларм за тревога, па сите прашувале какви предмети се барале, кој биле странки во нив и кои судии суделе.

Според информациите на „Сведок“, покрај предметите, наводно истражителите веќе разговарале и со претседателот на граѓанскиот суд.

На прашањата на „Сведок“ дали биле побарани предмети и бил распрашуван претседателот, портпаролката на судот Сања Томиќ потврди дека од Специјалното јавно обвинителство биле побарани предмети, кои судот им ги доставил.

Томиќ рече дека претседателот не бил на разговор во Специјалното јавно обвинителство, а по предметите не дошле истражителите туку им биле испратени кај нив предметите.

Портпаролката на судот немаше информација од која област се предметите кои му се дадени на обвинителството.

Овој суд е граѓански, но во него има оддели кои судат граѓански, стопански предмети, стечај, работни спорови и најчесто споменуваните предмети за клевета и навреда, каде што беа донесени пресуди да им се исплатат десетици илјади евра штета на Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Елизабета Канческа Милевска и други функционери на власта кои добија пресуди во нивна корист а на штета на пратеници, новинари, граѓански активисти.

Во законот за специјалното јавно обвинителсто на обвинителите им е дадена можност да покренат и граѓански постапки ако најдат докази за тоа.

Пред овој суд се водат и десетици постапки во кои тужена е државата и предмети за милионски суми на пари, како што беа случаите кога од сметките на „Телеком“ и „Оне“ пред ланските избори беа наплатени безмалку 8 милиони евра во корист на државата.

Граѓанскиот суд Скопје 2 има околу 80 судии и деновиве по предавањето на предметите главна тема на разговор е кој ќе биде опфатен со евентуални постапки и кој е фатен на „жица“ во прислушуваните материјали.


Оставете коментар

објавено на од Лана
судии како Софија Миленкова треба да бидат строго мониторирани, истата пресуди крајно пристрасно и спротивно за Закон за чиста правна ситуација бидејќи странката во чија "корист" пресуди беше сопруга на висок партиски функционер во здравството.
објавено на од тасе
во предметите каде тужени се исклучени граѓани од страна на бег и нивното адвокатско друштво , постојат очигледно Пристрасни судии, кои своите одлуки ги засноваат само на подзаконски акти %20 правилници донесени од бег, што е во директна спротивност на уставното начело дека судовите судат и своите одлуки ги засноваат врз основа на уста, закон и меѓ. договори ратификувани во согласност со уставот..како резултат на тоа огромен број на граѓани се директно оштетени
објавено на од Соња
Нашата фирма има две тужби против забарска ординација дентал екселенс груп, која 7-8 пати ни ја поплави галеријата и ни направи штета од 20.000 евра. Дбвете судски парниоци ги изгубивме, нашите тужби беа одбиени најдрско и незаконски поради како што ми кажа адвокатот Нацев, ургирал Мартин Протуѓер. Ме интересира како да дознаам дали во прислушкуваните разговори можам да го најдам доказот за ургенцијата.
објавено на од Перса
а даго земат предметот К.бр. 1433%2005 од Основен суд скопје 1 за МАШИНОПРОМЕТ кои над 10 години се води за криминал над 2.500.000 евра, и да видат кој се е вклучен во криминал во тој премет......
објавено на од orce velkovski
da go proverat sluchajot JUGOSUROVINA da vidat kolku resenija se falcifikuvani na stechajci I. BR. 5928 %20 97 ...

објавено на од Stevan
I predmetite za BEG da se ceslaat,site se nezakonski i iznudeni so protisok na "svarovski"sudii.