Тековни судења

Катица Јанева, Боки 13 и Зоран Милески Кическиот на 3 декември на обвинителна клупа

објавено:


Катица Јанева, Боки 13 и Зоран Кическиот на 3 декември ќе седнат на обвинителна клупа з случајот „Рекет“, соопшти кривичниот суд во Скопје, кој го прифати обвинението на Вилма Рускоска.

Предметот е распореден во советот со кој претседва судијката Васка Николовска Масевска.

Судот, објавувајќи го датумот за судење, соопшти дека се испратени покани до странките за датумот за судење.

Катица Јанева и Боки 13 се во притвор во истражниот затвор Шутка од каде што треба да бидат спроведени, а Зоран Милески, кическиот од куќен притвор.

Јанева е осомничена за злоупотреба на службената положба, а Боки 13 и Милески одговараат за злоупотреба на влијание и перење пари.

Ова е првиот предмет против нив кој се однесува на рекетот од 1,5 милиони евра земен од Орце Камчев.

Дополнително, во друга постапка се опфатено малверзациите на Боки 13 со бизнисмени преку невладината Меѓународен сојуз.

Засега, иако најавувано, нема трет дел во кој би биле опфатени адвокати, судии и обвинители како дел од шемата за рекетирање на осомничените во „Империја“. Меѓу сведоците што треба да се појават против Катица Јанева е и Лиле Стефанова, обвинителката на веже згаснатото СЈО, која го водеше и остана да го води предметот Империја.

Со нејзиното сведочење, намерно или од незнаење (што е тешко да се поверува) јавниот обвинител Љубомир Јовески и обвинителката Вилма Рускоска го контаминираат предметот, што и даваат алиби понатаму на Катица јанева, да се жали и извлекува на нефер постапка, поради претпоставеното влијание на Вилма Рускоска врз лиле стефанова.

Имено, со полномошното на Јовески, Стефанова да продолжи да ја води Империја, таа формално влегува под капата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, каде што шефува Рускоска и чиј број носи предметот.

Па, кој би поверувал дека сведокот Стефанова нема да трпи претпоставено влијание од Рускоска, и да сведочи во корист на обвинението. Потоа, по сведочењето двете обвинителки ќе се вратат во истото обвинителство или барем формално, ќе заверуваат документи со печат на истото обвинителство!

Дополнителен проблем е што Стеффанова, како сведок и натаму има допир со предметот, со сите докази и може да подготви сведочење по потрееба и да изнесе детали кои се тајна во овој дел од постапката.

Но, чудно и несфатливо, наместо да ја вратат во Радовиш како што е одлуката на Советот на јавни обвинители, Јовески и неговите советници на ваков начин, со Стефанова можеби намерно прават вакви повреди, за да може Јанева натаму да избегне или да ја намали кривичната одговорност.

Самата Лиле Стефанова јавно призна дека Ванчо Чифлиганец и е пријател и дошол кај неа да се распрашува за Имерија. Јавно е познат фактот дека фамилјата Чифлиганец и фамилијата Заеви ќе се посватат, па треба ли да се бара тука причината зошто Стефанова не се враќа во Радовиш и останува вплеткана во предметите!

Еве, хипотички да замислиме, што може да биде многу реална ситуација, ако Јанева на пример, која може да лаже колку сака, да каже дека од тие први 500 илјади евра земени за замена на мерката од затвор во домашен притвор и дала 200.000 евра на Стефанова, со која таа на пример си купила стан во Скопје, за кој многумина тврдат дека бил подарок од пријателот градежник!?

И, што треба да направи тогаш Рускоска, да прекине судење и да поднесува нови обвиненија? Размислил ли некој дали Катица јанева ќе седи мирна и ќе слуша како Лиле стефанова пере раце од неа дека не знаела ништо? Јасно е дека Стефанова ја пушта Катица низ вода, но дали Катица нема да го искористи моментот да и се одмазди?

Јас очекувам шоу на судењето, не знам какви очекувања има Јовески.

Но, какви и да има, со досегашните одлуки веќе се запиша во листатта на неспособни државни обвинители кои тераат дневна политика, што е далеку од владеење на правото!