Информации

Франуското тврдо НЕ на Лиле Стефанова за пасошите на осомничените во „Империја“

објавено:


Главнаа вест на многу портали во текот на денот, што се однесува на судството и судските постапки, беше „НЕ“ на обвинителката Лиле Стефанова по барањето на двајца осомничени од предметот „Империја“ што побарале издавање повторно на времен пасош, откако им истекле досегашните добиени по отворање на истрагата.

Тоа НЕ, на Стефанова така беше пренесено, што човек ќе помисли дека Макрон уште еднаш го повторил ставот за невлегување на Македонија во процесот на преговарање со Унијата.

Веста е дополнета дела јавната обвинителка ова НЕ за издавање времени пасоши го дала по реферирање на предметот во Јавното обвинителство на Македонија и го испратила до Кривичниот суд кој треба да донесе одлука, од една страна по барањето на Орце Камчев и Цветан Панделески кои бараат продолжување на псошот и големото НЕ на Стефанова.

Во крицчната постапка и обвинителот и осомничениот се странки, што значи, судот е тој што треба да одлучи помеѓу БАРАМ и НЕ, независно колку и кое барање е напишано со мали или со големи

НО, СЕГА ЌЕ БИДЕ ИНТЕРЕСНО КАКВА ОДЛУКА ЌЕ ДОНЕСЕ СУДОТ? КОЛКУ ШТО МИ Е МЕНЕ ПОЗНАТО, ВО МЕЃУВРЕМЕ НЕМА ИЗМЕНЕТИ ОКОЛНОСТИ ОД ТИЕ КОГА БИЛ ИЗДАДЕН ПРЕТХОДНИОТ ПАСОШ НА Камчев и Панделески, не сметајчи го затворањето на Катица Јанева, што директно не може да се поврзе со користење на патната исправа.

Во „НЕ“ на Стефанова мора да има и друго образложение, зошто не, освен нејзиното јавно признание дека не била прашана, што не е правен аргумент, ниту релевантно за одлучување во случајов?!

Судот ќе мора да ја праша Стефанова што сработила во оваа година и некој ден откако ја отворија Империја на 9 ноември лани, за да има потреба и натаму да стојат сите мерки, вклучувајќи го и одземањето на пасошите, замрзнување на имот и слични работи. Истрагата сама по себе е итна, а во последниве месеци не чувме деја Стефанова нешто презела за да ја забрза постапката за која законот и пропишал строга временска рамка!

Но, да оставиме судот да се истакне малку со елаборирање на одлуката, каква и да биде за враќање на патните исправи, или времени, продолжени – сеедно, а да се задржиме на неколку важни прашања за текот на Империја, кои со Лиле Стефанова ја компромитираат од самиот момент кога Стефанова излезе јавно и сакајќи да се дистанцира од Катица Јанева ни ја раскажа цела истрага, која според закон е тајна!

Како ќе тече истрагата понатаму во предметот „Империја“ со обвинителката Лиле Стефанова на чело, истата обвинителка која треба да се појави како сведок во постапката против Катица Јанева, судење кое ќе почне до крајот на годинава?

Се сеќавате дека Лиле Стефанова и Бурим Рустеми беа првите обвинители од СЈО кои раскажуваа за далаверите што ги правела Јанева во Империја и Поштенска банка?! И, логично ли е Стефанова во исто време да биде и сведок во постапката кај Јанева, нормално да изнесува и детали од истрагата што ја води, и да се врати назад, да истражува во Империја и ние да мислиме дека постапката ја води непристрасен обвинител?

Каква – таква, во случајов не зборуваме за Лила од Радовиш приватно, туку за јавен обвинител, претставник на државата! Поради овој основ, утре каква и да биде завршницата во Империја, тој предмет ќе падне во Стразбур како круша! Европскиот су е многу ригорозен кога се државите во прашање и има донесено десетици пресуди, само не знам дали некој ги чита?!

Затоа, крајно несфатлива  ми е одлуката на државниот обвинител Љупчо Јовески да ја остави и натаму Стефанова во предметот, освен, ако и тој нема намера да се направат толку процесни повреди, па предметот да падне во Стразбур уште при прием кај портирот, а не кај судиите!

Не може никој да ме ибеди дека од 180 обвинители, само Стефанова е кадарна да ја расчисти Империја, а уште повеќе сум убеден дека Стефанова не знаела што прави Катица, а таа, така наивно од страна била во бункер и работела и само работела!

Да се потсетиме дека Лиле стефанова и Трајче Пеливанов и беа „пратечи вокали“ на Јанева на една тв емисија кај миленикот им Боки 13, каде што фино се дополнуваа, одговараа на нарачани прашања на гледачи и тоа пролетта 2019 година, неколку месеци откако Катица дебело ги броела првите земени пари како рекет.

Ако некој ме убеди дека Лиле баш ништо „не е знајала“, тогаш уште пострашно, не ни треба таков обвинител кој не може да види од носот подалеку, а не да истражува сериозен криминал, како што се потруди преку еден брифинг да не убеди што има во предметот.

Ова со реферирањево на предметов во Републичко обвинителство е посебна приказна, па се сетив дека Лиле Стефанова во суштина не „реферира“ прв пат предмет во ЈОРМ. Еве, се потсетив дека таков случај имаше и во времето кога одлучувала по пријава за екс претседателот Бранко Црвенковски. Лиле тогаш била запната за обвинение, во златното време на ВМРО, но во републичко ја убедувале дека нема доволно докази, па да не се залетува. Според моите сеќавања, Лиле била толку упорна, на што добила согласност да гони, но и услов, ако го изгуби предметот на суд, ќе биде разрешена. Ако добро се сеќавам, Стефанова не се осмели да поднесе обвинение за Црвенковски, ама скришум, на мала врата се обидела да го добие записникот од обвинителите пред кои реферирала, кој што кажал, веројатно за да се правда во МВР зошто одлучила така. Но, била фатена на дело, а за деталите од да го крстиме нагалено за недозволено самопослужување во друга прилика. Ако ме држи добро сеќавањето, настанов е во време кога и Јовески беше обвинител во ЈОРМ...

  • И, за крај едно правно прашање до Советот на обвинители и неговиот претседтел Ацо Колевски: Како ќе ја оцените Лиле Стефанова која е вратена во ОЈО Радовиш, и сите обвинители на СЈО, кои сега глумат чувари на прислушуваните материјали во згаснатото СЈО? Дали „делегирањето“ на 3 предмети во работа на Стефанова одговараат на број на предмети што таа треба да ги реши во Радовиш?

Делегирање на предмети не значи времено упатен обвинител. Тоа Советот многу добро треба да го знае, а за толерирање на злоупотребата, еден ден на сите може да им се стави на врат злоупотреба на службената положба!