Информации

Потресно сведоштво:Поради малтретирањето и мобингот на Злата Попова по 19 години си дадов отказ

објавено:


По објавување на текстот „Судски совет во вонредна контрола кај „кравите и свињите“ на Злата Попова во гевгелискиот су, редакцијата на Сведок доби низа сведочења за малтретирањето што го трпеле вработените во гевгелискиот суд, но исплашени, како што велат самите поради блискоста на Попова со притворената Катица Јанева не знаеле каде и ккому да се обратат.

Но, сега, кога ги виделе членовите на Судски совет во посета на судот во Гевгелија, но кои не нашле време да се сретнат со нив, решиле до Судскиот совет и до јавноста да напишат писмени изјави за се што им правела Злата Попова, од заканите дека ќе ги тепа, до секојдневното викање и казнување, преку обидот да ги мава со хартија, за што неколкумина или побарале преместување или си дале отказ.

СВЕДОК прва ќе ја објави изјавата на досегашниот информатичар на судот, кој не можејќи да ги истрпи навредите и понижувањата од Попова си дал отказ. Ќаев му пишува на Судскиот совет дека Попова го навредувала со „сељак од Стојаково“, местото каде што живее, не му давала одмор, му ги скратила додатоците на плата и постојано му се дерела, со што, наведува Ќаев му го згорчила животот, па воздржувајќи се да не направи некаква глупост кога го навредувала, решил да го напушти судот.

Еве што му пишува Милчо Ќаев на Судскиот совет:

-Го прочитав написот во порталот Сведок.мк и сакам да кажам дека се е точно во делот со однесувањето на Претседателката на судот во Гевгелија Злата Попова, дури нејзиното однесување спрема мене одеше и до тамуа што ќе ме фрлела сосе комјутер и мене преку прозорецот, сум бил малоумен, мозок сум немал,па и со закани дека ќе ме ишамарила ако излезам од нејзината канцеларија додека ми се дереше. Беше секојдневно тестирање на моите нерви до каде можам да издржам, а да не ме испровоцира да направам глупост.Не можејки да ги поднесувам ваквите нејзини изживувања после 19 години работен стаж каде судот работеше  беспрекорно  од никој поранешен Претседател на судот не казнуван, вработен со средно образование а сите години извфршував работни задачи кои по систематизација не се во мојот домен, јас не гледајќи каде можам да барам правда, знаејќи од каде ја црпи силата, не навлегувајќи во правни процедури си дадов отказ - му пишува Ќаев на Судскиот совет .

Сето нејзино однесување спрема мене се одразуваше и во хармонијата на мојот семеем живот, нервоза, кавги, незаинтересираност за домашните, стално оптеретуван од нејзините постапки зошто ова ми го прави.

Бев за потсмев кај вработените кои кога ќе слушнеа викање по ходниците  или во канцеларијата и да не беше по мене  они ми викаа Миле пак  ли на тебе викаше?

Можете листинг да извадите од мојот службен телефон  да видите во кое време се имам повици од Злата Попова, за време на пауза,  пред крај на работно време ме правеше стално да немам мир  или ќе ми даде некоја задача, а после некое време ме вика за друга, за после да вика зошто тоа не било завршено.

Кога се расипа климата кај серверот,  две недели се викаше по мене  како јас да сум виновникот за климата што се расипала. Зошто не сум барал пари од претходниот претседател  да ми купи клима иако климата работеше, се расипа во нејзино време. Во секоја прилика  користеше да ми спомне   дека пари немало дали сум ја прашал дали има пари. Климата работеше нон стоп 17 години .

За секој дефект на комјутер или монитор на вработен во судот бев третиран како јас да сум го расипал комјутерот и се беше нека почека сега нема пари, потсети ме после некој ден ќе видиме  снајди се,  стави му друг. Во една прилика јас само иницијативно однесов комјутер на поправка  да не ја замарам Претседателката на судот зошто беше во голема гужва се реновираше судот, за после тоа да ми биде префрлено зошто сум го носел а мораше  јас да сум ја платил фактурата сето тоа со викање по мене. Јјас реков „не викај не е проблем јас ке платам“  и истото го направив, бев платив  и реков да не праќаат фактура во судот . Се работеше за сума 400 денари .

Од сето горе наведено, кај мене се јави страв да одам и да и кажам дека има дефект, требаше да се распитувам  дали е расположена, а многу ретко беше расположена оти јас си го собирав од нејзиното нерасположение. Минатата година заради реновирањето не сакаше да ми даде одмор, викаше за мене нема одмор  а сама знае дека по закон ми следуват најмалку 12 дена .

Многу обожаваше да ме понижува во присуство да други луѓе дали од судот или надвор  од него. Јас за неа бев „селјак“ од Стојаково - пишува во писмото до Судски совет, информатичарот од гевгелискиот суд.

Независно што констатирале Гордана Спиреска и Мирсад сурои во гевгелискиот суд, СВЕДОК ќе продолжи да изнесува факти, за да види јавноста кој суди и кој ги води македонските судови.

На Злата Попова, поради ваквото однесување не само што и се заканува суспензија и разрешување, туку и кривично гонење за упад во акмис ситемот и издавање на наредба за претрес кај Владимир Панчевски, за што се води постапка во Стразбур..ч