Тековни судења

Управниот суд ги укина решенијата и пресудата за лустрацијата на кичевскиот судија Драги Билески

објавено:


Управниот суд го прифати барањето на кичевскиот судија Драги Билески, ја повтори постапката за лустрација и ги поништи пресудите на Управниот суд и решенијата на Комисијата за лустрација, која го прогласи за соработник на ДБК, а потоа беше разрешен од функцијата.

Неодамна судот за човекови права во Стразбур ја усвои тужбата на Билески против државата за повреда на правото на фер судење и други повреди од членовите 8 и 10 од Конвенцијата, а таа пресуда е основ за повторување на постапката.

Пет судии на Управниот суд, во повторената постапка, врз основа на пресудата од Стразбур ги ставија вон сила одлуките на Управниот и на Вишиот управен суд со кои било потврдено решението на екс лустраторите дека судијата Драги Билески бил соработник на тајните служби, ги укинал лустрациските решенија и констатирал дека не бил соработник

Судот, во пресудата му наложува на Министерството за информатичко општество да ја отстрани од страницата на Комисијата целата документација за драги Билески, да го избрише од регистарот на лустрирани, бидејќи Комисијата не постои повеќе, но документите се јавни и достапни на интернет.

Билески беше лустриран во време кога комисијата за лустрација ја водеше битолскиот адвокат томе аџиев, за кој подоцна СЈО покрена постапка, откако од „бомбите“ се дона дека пратеникот Антонијо Милошоски ја нарачува лустрацијата

По пресудата на Управниот суд, Драги Билески покрај штетата досудена од Стразбур, има право да бара надомест и пред домашните судови, како и укинување на решението на Судски совет, кој го разреши од судија, поради донесеното „кодошко“ решение на лустраторите.