Информации

Судски совет во вонредна контрола кај „кравите и свињите“ на Злата Попова во гевгелискиот суд

објавено:


Комисија на Судскиот совет преку вонредна контрола на судот во Гевгелија ќе го утврдува недоличното и вулгарно однесување на претседтелката на судот Злата Попова, откако добиле писмени известувања за нарушените меѓучовечки односи во судот.

СВЕДОК, од извори во Судскиот совет и Апелациониот суд дознава дека во судот во Гевгелија подолго време имало проблеми, но тие ескалирале последните месеци со навредите на претседтелката Попова, која на вработените и судиите им се обраќала со „краво“, „свињо“, ги казнувала дисциплински, по што неколку вработени, почнувајќи од информатичарот до службеници, или си дале отказ од судот или побарале да ги тргне од одговорните позиции.

Според писмата доставени до Судски и до Апелација, Попова со хартии фрлала по службеничките, а влегла во отворен конфликт со судии околу работа по предмети и нејзино постапување во туѓи предмети, со што, според истите извори, заедно со извршител од Гевгелија му нанела штета на судот.

Сега судот се соочил со наедостатпк на вработени, па бидејќи никој од гевгелија не се нафаќал да работи, ангажирала луѓе од другите градови на Побардарието.

Судскиот совет ќе ги проверува сите овие информации, поради кои има пправо да ја суспендира Попова и да и поведе дисциплинска постапка.

СВЕДОК за сите овие обвинувања наведени во писмените документи се обиде да ја праша и Попова, но нејзе никој ја немал видено деновиве на работа, како што не известија, била службено отсутна или користела одмор.

Гевгелиските судии, дел веќе во пензија

Злата Попова е последен судија избран во гевгелискиот суд, а стана позната во јавноста со тоа што и потпиша на Катица Јанева налог за претрес на домот на Владимир Панчевски, иако тој суд не беше ни месно, ни стварно надлежен. За оваа правна лудорија на Попова, панчевски поднесе Апликација во Стразбур која е прифатена во прва фаза, па доколку судот утврди повреда, на гевгелиската претседателка и се заканува разрешување, а и кривично гонење.

Силата, гевгелиската претседателка Попова, избрана во време на ВМРО ДПМНЕ, ја црпела од блискоста со притворената Катица Јанева, чие пријателство се зцврстило откако Попова ја вратила на работа во Царината сестрата на Катица Јанева, од каде што била избркана и и доделила и отштета.

Катица Јанева пак, лично се јавувала кај судиите на скопска апелација да ја потврдат пресудата.

Сестрата на Јанева на предлог на СДС пак, е заменик претседател во Комисијата за хартии од вредност.

Покрај Судски совет, работата на Злата Попова ќе ја контролира и скопска апелација, која добила и конкретни предмети каде што е констатирано нејзино незаконито постапување, според пријавувачите.

Извори од гевгелиската полиција тврдат делка Злата Попова „шефовски“ се однесувала и во комуникацијата со нив.

Од 1 јануари 2020 година се враќа проширената надлежност на гевгелискиот суд, па тамошните судии ќе работат и тешки кривични предмети, стопански, стечајни, предмети за малолетници и други предмети кои од 2005 ги работеше судот во Велес и за подрачјето на Гевгелија и Валандово, кое го покрива овој суд.

Во гевгелискиот суд сега има само еден судија кривичар, па ќе иде многу интересно, како Злата Попова од нејзините „крави и свињи“ ќе најде судија за малолетници, за кривичен и судечки совет, кој ќе ги цени актите и слично.

Поради зовриената ситуација, Комисијата на Судски совет треба да изготви извештај кој ќе се разгледува на седница.