Вести

Владимир Панчевски не дојде на судење во Велес, за следното полиција ќе му ја носи поканата

објавено:


На екс претседателот на скопска единица, владимир Панчевски, два пати му била испратена покана за денешното судење во Велес, но тој не се појавил во пошта да ја земе поканата, по што, судот побарал скопската полиција да утврди дали живее на адресата дадена пред обвинителот.

До денеска полицијата не го известила судот дали направила проверки, а во меѓувреме, како што објави СВЕДОК, Панчевски на 17 октомври понарал велешкиот суд да ја преиспита својата месна надлежност, а од Врховниот суд бара да донесе решение со кое ќе делегира суд од другите апелациони подрачја, различно од скопското, со кое, како што навел, бил во секојдневна комуникација.

Велешкиот суд го одбил барањето за месната надлежност, на кое течат роковите за жалба. Списи се испратени и во Врховниот суд кој треба да одлучи дали ќе делегира друг суд.

Судијката Габриела Гајдова, судењето го одложи за 18 ноември, за кога полицијата ќе направи обид да му достави покана и списи, а доколку не дојат неговите адвокати, Панчевски доби напомена дека одбраната не му е задолжителна, па може да му се суди и без адвокати.

Панчевски е обвинет за местење на предмети кај судии надвор од АКМИС системот, и тоа два предмети на СЈО, неколку на обвинитечството за гонење на организиран криминал и повеќе предмети на ОЈО Скопје. Судскиот совет го суспендира од судиската функција до завршување на судењето. му се заканува казна од 6 месеци до 3 години ако биде прогласен за виновен.