Информации

Судски совет конечно ќе направи обид за именување претседатели и избор на судии низ Македонија

објавено:


Судскиот совет, на седницата (2.10.2019) ќе направи „напор“ да ја оконча агонијата во која функционираат половина судови во Македонија со вд претседтели, повеќе од 5 месеци од законски утврдениот рок.

Покрај претседтелите на судовите, на седницата ако успеат треба да изберат и 6 судии на Апелациониот суд во Скопје, по оглас распишан од почетокот на годинава.

Според дневниот ред, треба да се изберат претседатели на : Основен суд Битола со одделение во Демир Хисар;
- Претседател на Основен суд Велес, Претседател на Основен суд Делчево, Претседател на Основен суд Кавадарци, Претседател на Основен суд Кичево со одделение во Македонски Брод, Претседател на Основен суд Крива Паланка, Претседател на Основен суд Прилеп, Претседател на Основен граѓански суд Скопје и
- Претседател на Основен суд Штип.

Речиси за сите судови, со исклучок на Кавадарци и делчево има по повеќе кандидати пријавени за првата позиција, во најголем дел конкурираат и досегашните кои имаат статус на вд и половина година ги водат така судовите. Интересно е што според партиската поделба, скопскиот граѓански суд е „резервиран“ за Албанците, па од над 70 судии, пријавени се само неколку кандидати од редот на Албанците.

ДУИ според информациите на СВЕДОК сака да ги задржи сегашните претседтели на скопска двојка и на Кичево, иако кичевскиот претседтел имал веќе два мандати, па нема право на трет, освен ако членовите на Судски не го толкуваат поинаку законот.

На седницата ќе се избира и претседтел на судот во Неготино, по оглас кој беше објавен во мај, насприти другите од февруари, а на седницата се очекува избор и на претседтел на Вишиот управен суд. За таму, Судскиот совет се очекува да ја избере Анита Данилова која е вд претседтел со одлука на Судскиот совет, а како што пишувавме, во трка се и сестрата на судијата Владимир Туфегџиќ, бабата на екс градоначалникот на Аеродром Ивица Конески.

Ако се усогласат, членовите на Судски треба да изберат и 6 судии на Апелациониот суд во Скопје, по огласот распишан од февруари и на кој има пријавено 100-тина кандидати.

Треба да се изберат тројца судии за кривична област, двајца судии за граѓанска област и еден судија за стопанска-трговска област. Апелациониот суд во Скопје има недостаток од над 15 судии, а недостатокот нема да се реши со изборот на овие 6 судии, бидејќи се очекува наскоро од постојните судии некој да биде избран и во Врховен.

Како што веќе објавивме, членовите на Судски го подготвиле ајварот и зимницата и сега ќе се зафатат со тоа што им е работа, избор кој неколку пати го најавуваа и пролонгираа, иако по закон се должни во рок од 2 месеци пред истек на мандатот да распишат оглас и да изберат нов претседател.