Информации

Обвинение за Боки, Зоки и Ката според Вилма

објавено:


Против Боки Тредичи, сињора Катица и нивниот носач на торби, Зоки Кичевскиот до 10 октомври ќе биде поднесено обвинение, за да може судот на 14 октомври, ден пред истекот на 90 дена од притворот, да одлучува за ново продолжување кај Тредичи.

Јавната обвинителка Вилма Рускоска го пишува обввинението, а ние не и крадеме документи од предметот, туку претпоставуваме, да не речам знаеме што ќе напише, па влечеме дел од поинтересните детали!

Обвинението, со сигурност, покрај генералиите на обвинетите, почнува со појаснувањето дека Катица и Боки, користејќи исти прилики, а по претходен план како да заработат милиони евра, им пристапувале на бизнисмени, кои Боки ги рекетирал со сесрдна поддршка, помош во информации и документи, кои биле тајни, од сињора Катица. Така, тие двајца, по серија среби, разговори, закани и уцени успеале да земат 1 милион евра од бизнисменот Ј.К и неговата сопруга А.К. 500 илјади претходно, во обид сумата да достине 8 милиони евра.

Благодарение на италијанскиот весник Ла верита, дознавме што има ново во Македонија, каде што работите според обвинението се движеле вака: пткако Боки и неговиот пријател - носач на торби Зоран Кическиот, како коледари видно од снимките, се упатуваат каде, ако не дома кај МАМА! која друга личност би била посоодветна за чување на парите! Госпожата мама, која Кирацо не ја познава ама ја стави во Комисијата за слободен пристап до информации од јавен карактер, да речеме дека ги прибрала парите во домот во Карпош, заедно со ташничката Луј Витонче, во која, како што „се зборува низ чаршијата“ имало локаторче.

Во обвинението, обвинителката Рускоска би навела: „независно што учев со мајката на Тредичи, ги презедов сите дејствија и открив според локацијата на базната станица дека кај МАМА по оставање на торбата со кеш наминал еден пратеник, па по него еден полицаец, па по него....и се така, додека имало планиран кеш за поделба!

Зошто не е под истрага госпоѓата МАМА е ирелевантно за овој кривично правен настан, како што е ирелевантно, кој од спомнативе колку пари зел, бидејќи како што кажа и Јавниот Љ.Јовески - политичари сигурно нема!

Што се однесува за снимките, на кои г-нот Тредичи ламентира за правдата и судските постапки, нив Рускоска сигурно ги пратила на вештачење во референтна лабораторија, од каде што сигурно потврдиле дека не се лепени, сечени и монтирани, за да не може адвокатката на сињора Ката да приговара на истите! Оти, вакви снимки, само за потсетување на адвокатката на сињората, пред да и плати од Црниот фонд, да знае дека судот прифатил, како што беше случајот со дадилата која го малтретираше бебето за што има и пресуда.

Е, сега, од описот на делото не може да се сфати што се пазарел З.М викан кичевскион, кој веќе знаете по неколку пати сослушување во ОЈО веќе е дома, во куќен притвор.

Како докази во обвинението обвинителката Вилма Рускоска ја предлага целата снимка, која трае и трае и од која во италијанската Ла верита дали чувме едвај 2 посто.

Дека пријателството не било наивно меѓу Тредичи и сињора Ката ќе сведочи снимката, на која неа да верувате дека не Ката на Боки, туку Боки на Ката и дава наредби! Ако може да му се верува на транскиптот од снимката, сињора Ката отишла до Бугарија зумоска да ја прошета бундата што и ја подарил Тредичи, ама итно му била потребна за фазата Рекет на Тредичи, па тој и се јавува и и наредува веднаш да се врати во хотелот каде што има „вифи“ за да зборуваат на „ватцап“ (ако така се спелува) бидејќи другите апликации не му се сигурни! И така биднало, транскриптот посочува дека сињората за 5 минути се јавува на наредбата на Тредичи.

Е сега, не знам како госпоѓата Рускоска ќе го скокне делот со синчето Лазар, на сињората Ката нели, кое Тредичи им го покажува на сите што ќе ги викне во телевизијата, каде што и премиерот Заев вели дека Боки бил газда, медиумот бил провладин, ама тој и натаму е во притвор. Синчето Лазе, според се уште недовршените пресметки од идниот стечаен управник, добивал по 10.000 евра месечно, гарант оти се убивал од работа, па затоа нема да биде опфатен во обвинението.

И така, обвинението изобилува со сказни од Езоп, со кримичи во домашна режија, со стеснет круг на сведоци и набрзина завршена истрага, која наводно е спротивна на ЗКП, ако му го слушаме адвокатот!

Но и тоа е дел од колоритот во епизодата „Кој го фарба Боки во затвор“.

Братот и сестрата адвокат-судија наводно ќе биле опфатени во друга постапка како и целата приказна околу Меѓународниот сојуз, иако јасно е како бел ден дека се рекетирало со документи и снимки од СЈО кое го водеше сињората!

Како сведок во Рекет ќе се појави и обвинителката Лиле стефанова, која ќе потврди дека има чисти раце, дека не била на ниту еден состанок, а не на 5, на кој се договарал рекет, ќе каже дека насила била грабната со Ката и трајче и против своја воља пеела на згасната ТВ на Тредичи, па дури и ќе тврди дека премиерот измислува кога вели дека станот во Скопје и бил подарок од неговиот иден сват, сватот ќе се чуди од кај знае премиерот, а Лилето ќе тврди дека нејзиниот пријател градежник дошол кај неа само онака да се распраша за здравјето на своите пријатели.

Во обвинението има уште многу ненапишани делови, па да не излезе дека ние однапред знаеме што (нема) ќе напише обвинителката, бидејќи до 10 октомври има време.

п.с. Ние не сме како некои колеги на обвиинителјата да раскажуваат делови од исказ, па споменатите адвокати дознаваат и веднаш реагираат зошто некој ги цинкарел оти средиле некому за 100.000 евра да излезе од притвор.

Штом бидат напишани дополнителни рекетирани страници од обвинението, благовремено ќе ве известиме!

 

 

п.п.с. Дисклејмер за публика: Ставовите изнесени во текстот се сознанија на авторот и само тој е одговорен за нив. Авторот на текстот пак, се оградува со содржината на текстот и се оградува од своите ставови напишани во текстот и не ги признава за свои!