Тековни судења

Верушевски удри по СДС бомбите беа злоупотребени по моето апсење, свиркачите лажат не ми дале бомби

објавено:


Владиниот советник за национална безбедност Зоран Верушевски не сакаше да одговара на прашањата на обвинителот Артан Ајро кој денеска во предметот „Таргет0Тврдина“ се појави со овластување од државниот обвинител Љупчо Шврговски, а со нов број на предмет заведен во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Верушевски бараше судот да го прибави исказот што го дал пред обвинител и во судската постапка кога беше уапсен за „Пуч“, бидејќи таму кажал се што требало да каже и останува на тој исказ.

Откако судииите му укажаа дека ова е друга постапка и тие не знаат и не треба да знаат што зборувал тој во друг предмет, Верушевски одговараше кратко, неволно, не ги разбираше прашањата на обвинителот, но не пропушти отсечно да потенцира дека „материјалите“ се злоупотребени по неговото притворање во 2016 година.

Тој рече и дека свиркачите, кои ги знае од времето кога бил директор на УБК, лажат, бидејќи никогаш не му досавувале нему материјали, туку на партијата, а таа соработка почнала во 2010 година додека Верушевски бил во Амбасадата на Македонија во Италија, како човек на Агенцијата за разузнавање, од каде што бил испратен во 2006 година.

-Ѓорѓи Лазаревски, рече Верушевски, со кого ја немав прекинато комуникацијата се до моето излегување од притвор, кога видов дека дал целосно лажен исказ против мене и мојата сопруга, го знам од времето кога бев директор во УБК, а тој и Ѕвонко Костовски вработени. Лазаревски, во јули 2010 година, пред моето враќање од Рим почнал да доставува материјали до СДСМ, а продолжи и подоцна. Јас бев претседтел на партиската комисија за безбедносна политика, која врз основа на овие материјали правеше безбедносни проценки и ги доставуваше до раководството кое ги користеше понатаму и одлучуваше како ќе ги користи. Материјалите што се слеваа во партијата остануваа таму, а јас се водев според законите за нивно чување. Двајцаѕа лидери, Бранко Црвенковски и Зоран Заеев имаа различен пристап кон овие материјали, накратко одговараше Верушевски на повеќе поставени прашања од обвинителот Ајро.

Покрај изнесеното дека „свиркачите“ лажат и не му доставувале лично никакви материјали, а под материјали мислеше на бомбите, Верушевски рече дека бомбите се злоупотребени по неговото притворање.

-Таа документација (бомбите) доживеа страотна модификација и компромитација по моето апсење. Сакам да се знае и никој не може да ми го одземе тоа - рече вЕРУШЕВСКИ.

НА ПРАШАЊАТА НА ОБВИНИТЕЛОТ аРТАН АЈРО ДАЛИ ЗНАЕ КОЛКУ СИСТЕМИ ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕ ИМАЛО ВО УБК, РЕЧЕ ДЕКА НЕ ЗНАЕ, А ПРАШАН ДАЛИ ВРЗ ОСНОВА НА МАТЕРИЈАЛИТЕ (БОМБИТЕ) МОЖЕ ДАД ДАДЕ СВОЈ ЗАКЛУЧОК ДЕКА УБК НЕЛЕГАЛНО ПРИСЛУШУВАЛА, РЕЧЕ ДЕКА ВО мАКЕДОНИЈА ИМА САМО ЕДНА ИНСТИТУЦИЈА ШТО МОЖЕ ДА ВЕШТАЧИ, А ТОЈ УШТЕ КОГА БИЛ УАПСЕН БАРАЛ ДА СЕ НАПРАВИ ВЕШТАЧЕЊЕ. вАКА НЕ БИ ДАВАЛ СВОЈ ЗАКЛУЧОК, А БИ ЗАСТАНАЛ ЗАД ВЕШТАЧЕЊЕ АКО ТОА ГО НАПРАВИ ПРОФЕСИОНАЛНА ИНСТИТУЦИЈА.

вО ТЕКОТ НА СУДЕЊЕТО, зОРАН вЕРУШЕВСКИ РЕЧЕ ДЕКА ЌЕ УПОТРЕБУВА ТЕРМИН рЕПУБЛИКА мАКЕДОНИЈА, А НЕ северна, КАКО ШТОО СЕ ОБИДУВАШЕ ДА ИМ УФРЛИ СУДИЈКАТА ВО ЗАПИСНИКОТ.

-СЕ ДОДЕКА НА ПЛОЧКАТА ПРЕД вАС ПИИШУВА РЕПУБЛИКА мАКЕДОНИЈА, ЈАС ЌЕ ГО УПОТРЕБУВАМ ТОА ИМЕ, РЕЧЕ ВЕРУШЕВСКИ, ПОКАЖУВАЈЌИ КОН ТАБЛАТА НА ПУЛТОТ ЗАД КОЈ СЕДАТ СУДИИТЕ.

Претходно и обвинетата Гордана Јанкулоска дека не е Северна Македонија, бидејќи се споменуваше периодот на прислушување кога земјава беше Република Македонија.

Одбраната реагираше на делегирање на обвинителите Ленче Ристоска, Артан Ајро и Трајче Пеливанов за овој предмет и тврдеше дека Основен обвинител не може да застапува предмет од организиран криминал, и бараа прекин на судењето поради немање на овластен тужител, но судот ги одби.

Судењето продолжува за 17 дена, кога Верушевски ќе се појави пак во судница, но овој пат ќе биде испрашуван од адвокатите и од самите обвинети во предмет: Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Гордана Јанкуловска и другите вработени во УБК. Во овој предмет им се суди и на избеганите Горан Грујевски и Никола Бошковски.