Став

Судски совет: Да направиме ајвар и да ставиме корнишони во оцет, па ќе бираме судии

објавено:


Членовите на Судскиот совет ќе одат на „тим билдинг“, заедничко правење ајвар и ставање на корнишони во оцет, како колективна зимница, а дури потоа  ќе се зафатат за тоа што им е работа и за што се платени со  скромни 1.500 евра секој месец, избор и разрешување на судии и избор на претседтели, бидејќи половина судови во Македонија од април имаат вд шефови.

Оваа одлука за колективно правење ајвар и редење корнишони, како дел од проектот „Сите како еден“, членовите ја донесоа на работен состанок во текот на неделава, на кој присуствуваше и Сведок, кој ви ги пренесува поинтересните детали од состанокот.

Разговорите се автентични, а интервенирано е јазично само во текстот, бидејќии мнозинството членови се надвор од Скопје и зборуваат на дијалект, но со помош на Вујаклија и овој проблем е надминат.

Локација: сала за состаноци на Судскиот совет во центарот на Скопје. Присутни на состанокот 13 члена на Судскиот совет, без министерката за правда и вд претседателот на Врховен. Дополнително, на состанокот присутни се секретарката Наташа како записничар, кафе куварката и „Сведок“.

Преетседателот на Судскиот совет Киро Здравев им откри на членовите дека добиле наредба да направат „тим билдинг“ за членовите, а предлоогот бил заедничко правење ајвар и ставање корнишони во оцет, попознати како „корнишоните на Заев“ и акцијата да се спроведе наредниот викенд, по  празникот Крстовден бидејќи се очекува да се стопли времето!

-Овие од Влада што не организираат и сакаат да ги зајакнат нашите капацитети, кои сакаат да делуваме како еден, да нема некој што ќе гласа ЗА или ПРОТИВ, предложија и Агенда за настанот, која предвидува пиперките и корнишоните да ги обезбеди колешката Лоерета, член на Советот од Струмица, од нејзината бавча, од имотот на Заеви или од пазар. А корнишоните да бидат задолжително од Заеви. Така, за материјал нема да се секираме – образложи Киро Здравев на состанокот.

На ова за збор се јави членот на Судски, струмиичката судијка Лорета, која рече: Факт е дека маж ми и Заев се другари, така и јас бев непристрасно избрана на оваа функција, ама јас не можам да одговарам ако пиперките не се лупат или ако корнишоните се мали и тенки а не поголеми и подебели, како што доликува. Барам и Судскиот совет да ми прати возач со поголема кола во која ќе збере се, оти не сме малку, да има барем за сите по една вреќа корнишони, а ајварот ќе го делиме 0 рече судијката Лорета!

Членновите на Советот рекоа дека ако треба ќе и признаат и патарина иако уште нема ставено рампи на експресниот пат Струмица – Штип, откако со тајно глсање се усогласија ајварот да се прави во Штип.

Бидејќи двајца членови се од Штип, претседателот Киро и колегата Сашко, предлагам да се прави ајвар кај нив. Бидејќи живеат во зграда, може да се искористи просторот пред зградата или куќата на колегата Сашко на село. Ова го кажувам за да сме поекономични во транспорт на пиперките, рече членот на Советот Виолета Богојевска, Влаинка по нациналност.

Таа исто така предложи ако треба да се плати и за рентањето на дворот, а штипските судии Здравев и Сашко да се потрудат да обезбедат барем по една пастрмајлија за на крај на денот со ајварот.

-Се зборува дека Здравев е скржав, а Сашко Влав, ама ако не, нека побараат донација од градоначалникот Бочварски, па не доаѓаат секој ден членовите на Судски во Штип, рече членот Теофиловски од Тетово, познат како „зетот на Сашка“. Ако не, јас ќе му речам на кумот Гуштеров да го стори тоа, се дообјасни Зоран

Понатаму, дискусијата продолжи со правење на оперативен план, кој и како ќе го прави ајварот. Беше одлучено двајца членови од Куманово, избрани неодамна во Советот да бидат одговорни за обезбедување на дрва.

-Цело Липково и Куманово се грее на крадени дрва, па колегите сигурно ќе најдат поефтини и блиску им е Штип, ќе ги донесат по новиот автопат – рекоа другите членови.

Во правењето ајвар, со запсничко пребројување на теглите ќе учестувува и Наташа секретарката, како трета кумановка.

Со релативно мало мрштење, беше договорено во печењето на пииперките да учествуваат Владе Богдановски и Шемседин, а за лупење ќе бидат ангажирани женскиот дел од Советот, Лидија Каначковиќ, Гордана Спиреска, Виолета Богојеска...

-Јас сум дама со стил, со нокти, не сум родена за лупење пиперки реагираше Спиреска, на што Здравев луто одговори дека нема дискусија, ќе лупиш и точка!

Во мешање на ајварот треба да се истакнат мускулестиот зет на Сашка, Зоран тТофиловски и жилавиот битолчанец Зоран Караџоски.

Сегашниот заменик на Советот, чиј мандат истекува наскоро ќе ги завртува капачињата на теглите!

Долга дискусија се водеше и за рецептот, дали ајварот да се направи само од пиперки или да се стават и модри патлижани или и моркови како „помодарски рецепт“. Преовлада опцијата да биде ајварот само од пиперки и модри патлижани, и да не се претера со зејтин, да не биде многу мрсен. Зејтинот и другите намирници ќе се платат од Буџетот на Судски од проектот „Сите како еден“.

На работниот состанок членовите одлучија да не го повикуваат вд претседателот на Врховен Фаик Арслани, зашто со него се руши балансот на членови од националностите, па прв пат од 14 члена без министерката, 7 се Македонци и 7 од националностите што го руши етничкиот баланс.

-За да е се случи Бујар Османи да ни дојде во контрола и да не знаеме што да одговориме че бидеме во сооднос 7 Македонци, двајца Власи и 4 Албанци, рекоа членовите на Судски.Тие како еден заклучија дека на ајваријадата не им треба ниту Рената Тренеска Дескоска, која ниту им иде на седница, ниту тие сакаат да им дојде. Еден закон не може за ЈО да донесе, а не пак во нашиот ајвар да се меша! Не може, заклучи мудро некој на состанокот, ама баш тука ми падна пенкалото и не запишав кој беше точно авторот

Како посебен заклучок беше договорено на Лидија, Виолњета и заменикот претседател чиј мандат истекува во октомври да им дадат по една тегла ајвар за дома, како сиктер поздрав за заминување од Советот, а другиот да го чуваат во подрумот на Судски како национално благо.

Новиите тројца што че ни ги пратат, двајца на предлог на Собранието и еден од претседателот на Републиката треба да се адвокати или професори, а тие како нови функционери секогаш се гладни, па мора да се обезбедиме за цело зимо – рече Здравев.

За корнишоните немаше голема дискусија и тие ќе се ставаат во сол, вода, оцет, бибер, ловоров лист, ктомид и лук за зачин.

-А, може ли да прашам јас, што правите со изборов на судиите за Апелација на кои се чека две години а ги најавивте за јуни, па за септември, па за...реков јас од „Сведок“? И за оние претседтели на половина судови кои имаат вд мандат од април годинава?

На ова ведша ми се сипаа сите: Е стварно си расипувач на забави или Лошото Хуго! Па нели гледаш дека расправаме за „тим билдинг“, дека ги јакнеме своите редови, кај ти текна сега да прашуваш што кажал Здравев до сега и кои рокови ги ветил! Добро, тој мислел дека ќе биде претседател кога го избравме, ама не знаел дека некогаш треба да отиде и на друго место по сопствено мислење, а не да кажува што мисли! А и ти намали со тоа прогнозите кого ќе избереме, кога ќе избереме, кој на кого е роднина, зашто претера, ко онаа ревизоркана од Антикорупциска си станал, сакаш се да оправиш! И да знаеш, ни ајвар ќе пробаш, ни кафе ќе ти дадеме во иднина ако продолжиш со тоа прогнозите. Па прај се бре малку дека не гледаш се, да личи дека не е наместено, дека има изненадувања. А за претседтелите, па пола од нив фатиле врски кај Заев, другите кај Кочо Анѓушев, третите во ДУИ и супер функционираат. Па штом и ВМРО ги избрало не може да се лоши!!

Јас помислив ќе ме тепаат што прашав, ама тие ми дообјаснија: а, ти знаеш ли колку заинтересирани има за Апелација? Посебно од кривично? Па ќе се испотепаат меѓу себе кој да фати подобра позиција. Ама, и партијата си има стратегија, па на еден кандидат жена му ја ставија правобранител и сега мора да ќути, на други им кажа ќутете знаеме дека живеете у див брак, а за тоа може да летате од судиските места, не барајте преку леб погача, на трети им рекоа...и така, кога ќе го сведат списокот на помалку, ќе ни кажат кого да избереме!

Од овој одговор искрено да Ви кажам бев презадоволен, зашто сфатив дека во државава некој мисли на се! А, да, викам, ама во Апелација нема судии, претседтелката на скопската се жалеше?

-Се жалелла? Кога, додека не ја избраа сестра и за правобранител, оди види дали се жалии сега, дофрли некој од таму, ама дека ми беше свртен со грб не видов кој беше!

Така, во речиси хармонична атмосфера заврши работниот состанок на кој членовите на Судски се договорија дека штом направат ајвар и стават кисели корнишони, познати како „корнишониите на Заев“ ќе почнт да работат и за тоа за што се платени по 1..500 евра секој месец, во наредните 6 години, да избираат судии.

А, да, ветија и дека наредната недела ќе го разрешеле и врховниот судија Ристо Катавеноски, од Советот на Јово Вангеловски, ама ми рекоа да не кажувам, да не ги бие малер, оти пред месец дена го пратиле курирот со поканата во врховен, па по наредба морале да го враќаат назад!