Тековни судења

Судијките од Апелација, Роза, Розалинда и Бети, скандалозно и подарија 400.000 евра на Канал 5 ТВ

објавено:


Апелациониот суд во Скопје, преку судијките Роза Ѓорѓиева, Розалинда Ристеска и Елизабета Дуковска, донел пресуда со која на Канал 5 телевизија и подарува околу 400.000 евра, пари кои всушност телевизијата ги должела за неплатени филмови и серии.

Со скандалозната одлука, трите судијки ја преиначиле во целост пресудата на Основниот суд Скопје 2, што ја донесе судијката Наталија Донева, која го одби тужбеното барање на Канал 5 како неосновано.

Со преиначување на пресудата, сега Канал 5 доби пари, кои всушност тој ги должел, а страната која била тужена, сопствениците на КАН како физички лица, немаат право на жалба на оваа пресуда која е правосилна и извршна во исто време. Можат да поднесат ревизија до Врховниот суд, која пак е вонреден правен лек и не го одлага извршувањето.

Канал 5 сега го бара имотот на сопствениците на КАН.

Еве накратко за што станува збор и како Канал 5 од должник стана богаташ со помош на скопските судијки и во еден потег.

Канал 5 телевизија користелa филмови и серии преку Студиото Кан и за тоа не платилa, по што телевизијата била дадена на суд. Судскиот процес траел 13 години, стигнувајќи дури два пати и по ревизија пред Врховните судии. По толку години судење, со направени трошоци во судската постапка, со вештачења и слично, сумата наведена во тужбата достигнала до 330.000 евра. Апелациониот суд во Скопје со конечна пресуда, пресудил во корист на КАН, по што студиото откако не успеале да се договорат со Канал 5 да ги плати доброволно парите, со извршител ги наплатиле, а на тоа, Канал 5 ниту приговарал, ниту се жалел. Парите кои биле наплатени, КАН ги искористил за плаќања кон доверители, кон државата и за други тековни обврски.

Во меѓувреме, сопственикот починал, а неговата сопруга која исполнила услови за пензија ја ликвидирала фирмата во постапка, во која Канал 5 ниту се јавил како доверител, ниту можеч да биде тоа.

По ревизија на Канал 5, Врховниот суд ја укинал  правосилната пресуда и го вратил предметот на повторно одлучување, со напатствија судот да доутврди одредени факти од вештачењата, но во никој случај судот ниту го избришал долгот на Канал 5, ниту можел да го стори тоа.

Но, поради ликвидирањето на фирмата во меѓувреме, не можело да  продолжи судењето, па Канал 5 поднел тужба кон КАН и сопственичката тврдејќи дека таа намерно ја затворила фирмата и незаконски располагала со парите *доделени со правосилна судска пресуда) и барале судот да утврди умисла и да им ги врати парите.

Скопскиот граѓански суд ја одби во целост нивната тужба во текот на февруари оваа година, не наоѓајќи дека имало умисла, туку дека фирмата била згасната поради објективни околности и во законска посѕапка. Од парите кои КАН ги наплатил од Канал 5 за спорот што траел 13 години, на државата и бил платен данок од десетици илјади евра.

Но, по жалба на Канал 5, трите судијки Роза, Розалинда и Бети, констатираат дека првостепениот суд правилно ја утврдил фактичката положба, ама погрешно го применил материјалното право, и на Канал 5 му досудуваат речиси 400.000 евра со камати, занемарувајќи дека суштината на спорот бил долгот на Канал 5 кон Кан, а не обратно.

Со оваа одлука, судијките Ѓорѓиева, Ристеска и Дуковска со гума го избришале 13 годишниот спор, одлуките на нивните апелациони колеги кои неколку пати одлучувале во корист на Кан и сите пари, вклучувајќи ги и тие што биле платени како данок кон државата ги досудил во корист на Канал 5.

Ваквата пресуда според македонскиот закон веднаш станува правосилна и извршна и на неа КАН, односно неговата сопственичка како физичко лице тужена во случајов нема право на никаква жалба, а треба да врати речиси 400 илјади евра.

На ваков начин, со оваа пресуда, Канал 5 од должник, кој не плаќал речиси една и пол деценија, не само што не платил за долгот, туку добил и многу повеќе од тоа со камати и трошоци.

Во случајов, предметот ќе оди по ревизија пред Врховниот суд, иако ревизијата не ја одлага извршната постапка, па Канал 5, кој во меѓувреме ангажирал извршителка, може да ги остави на улица сопствениците на КАН на кои им должел пари за сериите и филмовите.

Сега за ревизијата ќе одлучува Врховниот суд на чело со Јово вангеловски, кој е многу близок со судијката Роза Ѓорѓиева, на чие инсистирање таа од стручен соработник во Врховниот суд во времето на ВМРО ДПМНЕ беше избрана директно за судија на Апелациониот суд, без ниту еден ден судиски стаж. Јово Вангеловски кој се фалеше дека Роза Ѓорѓиева му ги пишувала пресудите во Врховен, само неколку месеци откако ја избраа за судија на Апелација почна да ја предлага и за судија на Врховниот суд, но тогашниот Судски совет, каков и да беше, ги одби сите обиди на Вангеловски да ја протне неговата миленичка со никаков стаж и за судија во Врховниот суд. Розалинда Ристеска и Елизабета Дуковска имаа исто така експресни кариери па со речативно мал стаж во Основните судови Скопје 1 и Скопје 2 беа избрани во Апелација.

Канал 5 ТВ во времето на ВМРО ДПМНЕ беше бастион на оваа партија и често критикуана од СДСМ, но по освојување на власта, кадрите на СДСМ, почнувајќи од Зоран Заев не се симнати од екранот на оваа телевизија. Во владата на Заев министер е и Роберт Поповски, кој од Канал 5 замина на работа во СДСМ.

Во неодамна објавени бомби, сопственикот на Канал 5, Емил Стојменов, разговара со блиски соработници на Никола Груевски и се жали дека Јово Вангеловски не им завршил работа за предмет во Врховен суд, зборува за земено мито за носење пресуда, како и тоа дека од тој разговор разбравме дека Вангеловски секој петок одел во Грција каде што имал куќа и не одел на работа, што му беа припишани како негативни партиски поени. Сега, Вангеловски за кој зборува Стојменов со луѓето во врвот на ВМРО ДПМНЕ ќе одлучува дали ќе му останат овие 400.000 евра што му ги подарија треите судијки од скопска апелација со убедливо најскандалозната и здраворазумски неразбирлива пресуда.

Интересно беше што на објава на првостепената пресуда не се појави никој од Канал 5, па дури ни нивниот адвокат, а за само кратко време од Апелација стаса споменатат пресуда.