Информации

Како Софија Лаличиќ станала судија: СЈО за деталите околу улогата на Судски и Мијалков во изборот

објавено:


Специјалното јавно обвинителство, СЈО објави извештај со детали за недозволената политичка спрега меѓу судии и луѓе во извршната и законодавната власт, а кои произлегуваат од објавените и необјавени прислушувани муабети.

Во продолжение деталите за изборот на Софија Лаличиќ за судија во Кривичниот суд. Лаличиќ почна да работи како приправник во канцеларијата на антонио Апостолски, за кратко време потоа да биде преземена од Лидија Неделкова, како претседтел на Кривичен и со минимум години на стаж избрана за судија.

Јавно објавените телефонски разговори презентирани на прес конференција на политичката партија СДСМ, одржана на 19.03.2015 година, ја запознаа јавноста со начинот на кој биле избирани судиите во Република Македонија. Содржината на јавно објавениот елефонски разговор меѓу Софија Лаличиќ и Сашо Мијалков, тогашен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, кој во таа прилика и соопштува дека е избрана за судија претставува само илустрација на спрегата меѓу извршната и судската власт.

Јавното обвинителство поседува аудио материјали од телефонски разговори, како и смс комуникација остварена од Софија Лаличиќ, судија во Основен суд Скопје 1 Скопје, кои не само што зборуваат за нејзиниот нелегитимен избор за судија, туку зборуваат и за непостоењето на личен нтегритет и кредибилитет како основен предуслов за вршење на судиската функција. Од содржината на поголем број телефонски разговори остварени пред изборот за судија на Софија Лаличиќ произлегува дека повеќе од една година пред да биде избрана за судија и била ветена судиска функција.

Имено, изборот за судија на Лаличиќ бил оддамна планиран и однапред договорен, а во нејзиното незаконско избирање за судија биле инволвирани одредени членови од Судскиот совет на Република Македонија, високи функционери од извршната и судската власт, а со особен придонес на тогашниот директор на УБК Сашо Мијалков. Интервјуирањето на кандидатите пријавени на конкурсот за избор на судии го спроведувале две комисии.

Знаејќи дека одредени членови од Судскиот совет на Република Македонија се повикуваат на состаноците на кои функционери на извршната и судската власт договарале кој ќе биде избран за судија, Софија Лаличиќ неслучајно од брала да влезе на интервју пред комисијата во чиј состав биле некои од тие членови. Договорен бил и начинот на кој таа ќе биде предложена за избор, како и едногласното прифаќање на тој предлог, при што особено се внимавало да не биде очигледно од кои причи ни истата била фаворизирана пред другите кандидати.

Внимателно бил одбран дури и моментот на која седница на Судскиот совет ќе биде извршен изборот, така што било договорено тоа да биде на седница на која ќе се бираат кандидати од два одделни конкурси за судии. Аудио снимки од телефонски разговори остварени непосредно по изборот на Лаличиќ за судија во Основен суд Скопје 1 Скопје го покажуваат нејзиното стравување дека одредени медиуми ќе пишуваат за начинот на кој била избрана за судија.

Нејзните конекци и со извршната власт не завршуваат со изборот за судија, туку напротив уште повеќе се интензивираат во насока која претставува флагрантна повреда на независноста на судството и злоупотреба на угледот на судиската функција.

Задоволување на приватни интереси и интереси на нејзини блиски луѓе,интервенции и ургенции од секаков карактер, споделување информации и сознанија до кои дошла при вршење на функцијата за цели кои не биле поврзани со судиските должности, запознавање на трети лица со внатрешните состојби и односи во судот во кој вршела должност, недостоинствено однесување во личните и социјални односи и дозволување истите да влијаат на несоодветен начин во нејзиното однесување при вршење на функцијата се само дел од начините на кои била користена моќта кој а ја носи судиската функција. За судија Лаличиќ судиската функција значела сѐ освен тоа што е нејзиното вистинско значење привилегија да се служи на заедницата преку улогата на делење на правдата согласно законите и еднаквоста на сите граѓани вклучително и себе си пред Уставот и законите во Република Македонија.

Очигледни повреди

Во контекст на наведеното, а спротивно на прифатените и инкорпорирани етички стандарди за вршење на судиската функција, судија Софија Лаличиќ недостоинствено ја вршела функцијата која и е доверена, грубо повредувајќи ги принципите содржани во Кодексот на судиска етика за судиите во Република Македонија. Нејзиното целокупно лично однесување и професионално постапување за време на вршење на судиската функција претставува повеќекратно прекршување на принципот на независност изразен во точка 1.1, 1.2, 1.3 и 1.5, принципот на непристрасност изразен во точка 2.1 и 2.2, принципот на интегритет изразен во точка 3.1, 3.2 и 3.3, принципот на пристојност изразен во точка 4.2, 4.3, 4.6 и 4.7, како и принципите на стручност и совесност изразени во точка 6.7 од Кодексот на судиска етика.

Законот за судовите во член 77 став 1 алинеја 1 предвидува „Како дисциплинска повреда за која се поведува постапка за утврдување на одговорност на судија за која ќе се изрече дисциплинска мерка се смета повредување на правилата на кодексот на судска етика со кој се нарушува угледот на судиската функција-наведува СЈО во извештајот.“

Лаличиќ и натаму суди кривични предмети полнолетни, и не е  промена од таа позиција и по доаѓањето на Иван џолев за претседтел, смо што сега не го води Кривичниот совет како што беше порано.